Лионел Меси го зазеде првото место на рангирањето за најдобар плејмејкер во последната декада на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS).

Втор е поранешниот соиграч на Меси во Барселона – Андрес Иниеста, а трите најдобри ги надополнува играчот за врска на Реал (Мадрид), Лука Модриќ.

Топ 10 на најдобрите плејмејкери на деценијата (2010-2020):

  1. Лионел Меси (Барселона)
  2. Андрес Иниеста (Висел Кобе)
  3. Лука Модриќ (Реал Мадрид)
  4. Кевин Де Бројне (Манчестер Сити)
  5. Тони Крос (Реал Мадрид)
  6. Еден Азар (Реал Мадрид)
  7. Нејмар (ПСЖ)
  8. Месут Озил (Арсенал)
  9. Андреа Пирло (Јувентус, ја заврши својата кариера)
  10. Јаја Туре (без клуб).

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO