Фото: Роjтерс

Грција се вооружува за да биде подготвена да се спротивстави при евентуалниот воен притисок од страна на Турција. Атина купува борбени авиони и подморници од Франција. САД веќе ја финансираа со 53 милиони долари модернизацијата на воената база на островот Крит.

По итна процедура за гласање, владата го внесе во парламентот договорот за купување на 18 борбени истребители ʺРафал“. Вредноста на договорот е 2 милијарди и пол евра, кои Атина ќе ги плати во рок од 5 години.

Договорот се очекува да биде ратификуван со мнозинство во грчкиот парламент, откако комисијата за одбрана го поддржа едногласно.

Тензиите со Турција ја принудуваат Атина да ја зголеми својата воена моќ, а овие 18 борбени авиони се дел од програмата. Таа продолжува со стартирањр на преговорите за набавка на две подморници исто така од Франција.

Во истото време, грчката влада доби 53 милиони долари од Вашингтон за осовременување на воената база на НАТО ʺСуда” на островот Крит. Таму веќе пристигнаа првите американски истребители и подморница со екипаж.

Копнената граница со Турција во областа Еврос исто е со засилено обезбедување, при што завршува изградбата на гранична ограда е при крај, а во обезбедувањето на границата патролираат и единици на европската агенција за заштита на границите ʺФронтексʺ.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO