
Фото: Роjтерс
Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски го постигна својот 20-ти гол во во натпревар од 15-то коло од Бундеслигата во поразот од Борусија (Менхенгладбах) со 2-3.
Според статистичкиот портал Opta, 32-годишниот Полјак стана вториот играч во историјата на германскиот шампионат кој постигнал 20 гола на првите 15 натпревари од шампионатот. Ова за прв пат го стори баварската легенда Герд Милер во сезоната 1968/69.
Левандовски минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, Купот на Германија, Суперкупот, Бундеслигата, Суперкупот на УЕФА и беше прогласен за најдобар играч на годината во анкетата на ФИФА.
