Фото: Роjтерс

Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, соопшти премиерот Еди Рама.

„Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19“, напиша Рама на својот фејсбук-профил.

Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати. Инаку, Владата во Тирана обезбеди 500 000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек

Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30 250 дози во февруари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO