Вашингтон ќе финансира со 53 милиони долари целосна модернизација на воената база на НАТО на островот Крит.

Грција ја модернизира својата одбрана со опрема и специјалисти на НАТО, соопштуваат грчките медиуми.

Проектот вклучува изградба на база за подморници и фрегати, кои Алијансата ќе има подготвена да ги користи за вежби и одбрана во Егејското Море. Исто така, се планира да се изградат објекти за складирање на гориво за авиони, како и за обука на пилоти.

Новата воена база ги проширува размерите на постојната база ʺСудаʺ на островот Крит.

Воздушната база исто така се модернизира технички, но и со специјалисти.

Американски воен брод со екипаж и неколку борбени авиони веќе пристигна на островот Крит, соопштуваат локалните медиуми. Американските експерти управуваат и со истражувачки брод за квалитетот на морската вода околу грчкиот остров.

Договорот за финансирање на воената моќ на Грција од Вашингтон беше потпишан за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Крит во септември минатата година.

Дописниците на грчките медиуми во Вашингтон исто така објавија силен интерес на САД за грчката воздухопловна база во Кавала.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO