
Европскиот шампион Баерн (Минхен) претрпе втор пораз во сезоната во првенството на гостувањето на Борусија (Менхенгладбах).
Во натпревар од 15-то коло домаќините се наметнаа со 3: 2 по целосен пресврт од 0: 2.
Баварците поведоа со 2: 0 по головите на Роберт Левандовски од пенал во 20-ата и Леон Горецка во 26-ата минута.
Уште пред полувремето, Борусија успеа да израмни по головите на Jонас Хофман во 35-та и 45-та минута. А, Флоријан Ноухаус ги донесе трите бода за тимот во 49-та минута.
Баерн е лидер со 33 бода, а Борусија (Менхенгладбах) е седма со 24.
