Фото: Роjтерс

Пловила на албанската армија и полиција спасиле 50 сириски мигранти кои се обиделе со чамец на надувување да стигнат до Италија, кои биле блокирани во делтата на рвката Вјоса поради лошите временски услови, пренесува Асошиејтед прес.

Албанската полиција, во соработка со италијанската финансиска полиција, синоќа пронашле чамецот на надувување во делтата на реката Вјоса, каде што бил блокиран околу три часа поради големите бранови во Јадранското море, соопшти албанската полиција. Се верува дека нема исчезнати лица во инцидентот.

Албанскиот медиумски портал Balkanweb.com соопшти дека 50 сириски мигранти, вклучително и жени и деца, биле пронајдени откако еден од нив повикал полиција да каже дека нивниот чамец е блокиран поради лошите временски услови и проблем со моторот. Шеснаесет мигранти, од кои три деца, се хоспитализирани.

Според неофицијални информации, мигрантите платиле и до 2.000 евра по лице за илегално да стигнат до Италија. Полицијата не ги открила трговците со луѓе.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO