
Во меѓународна анкета, водечки критичари, новинари, куратори и директори на фестивали биле запрашани да ги споменат имињата на највлијателните фигури во светската анимација за последниот четврт век. Резултатот по анкетата го поставува на врвот бугарскиот аниматор, уметник и режисер Теодор Ушев. Во првата четворка се и режисери како Регина Песоа (Португалија), Коџи Јамамура (Јапонија) и Игор Ковалев (Русија / САД).
Во истата анкета, за најдобар долгометражен анимиран филм е објавен ʺОднесена од духовите“ на јапонскиот режисер Хајао Мијазаки.
Анкетата е организирана од кураторите на Фестивалот за анимација во Лерида (Animac) и Културниот центар на Барселона, предводен од Каролина Лопез. Во неа влегуваат 25 специјалисти и историчари од целиот свет.
Теодор Ушев е бугарски мултимедијален артист, режисер и графички дизајнер. Во изминатите 15 години, тој работи за Националниот филмски совет на Канада. Во својата творечка кариера има повеќе од 15 филмови, кои му донеле повеќе од 200 меѓународни награди ширум светот, вклучително номинација за Оскар, Кристал од Анси, Почесен медал од Француската академија за филмска уметност ʺСезарʺ и Награда за најдобар кусометражемн филм. на Асоцијацијата на странските новинари во Холивуд (Златен глобус).
Член на Американската академија за филмска уметност AMPAS, кавалер на орденот за уметност и литература на Француската Република
