Фото: Роjтерс

Рускиот фонд за директни инвестиции потпишал договор со српската влада за доставување на 2 милиони дози од руската вакцина против коронавирус Спутник V, пренесе Танјуг.

Фондот соопшти дека вакцините за Србија ќе бидат произведени со средства од меѓународни партнери во Индија, Кина, Јужна Кореја и други земји.

Првата партида од руската вакцина Спутник V пристигна во Србија на 30-ти декември, а денес започна имунизацијата со неа. Први со неа се вакцинираа претседателот на парламентот Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO