
Фото: Роjтерс
Поранешниот менаџер на Вест Бромвич Албион Славен Билиќ, си најде нова работа само три недели откако беше отпуштен од англискиот клуб.
52-годишниот хрватски специјалист е назначен за тренер на Бејџин Гоан, соопшти на Твитер прес-службата на клубот од Пекинг.
Договорот со Билиќ е на две години. Минатата сезона, Бејџин Гоан заврши втор во регуларниот дел од сезоната, по што стигна во полуфиналето, каде загуби од Гуанџоу Евергранд.
Славен Билиќ беше отпуштен од Вест Бромвич Албион во средината на декември. Под негово водство,тие се вратија во Премиер лигата по двегодишен престој во Чемпионшип. Во текот на својата кариера, Билиќ беше тренираше исто и на Хрватска, Локомотив (Москва), Бешикташ, Вест Хем и Ал Итихад.
