
Тренерот Роналд Куман е готов со списокот на играчи кои сака да ги привлече или ослободи од Барселона за време на јануарскиот преоден рок. Тој појасни дека сегашната финансиска состојба во светот на фудбалот сепак може да ги ограничи трансферите во каталонскиот клуб.
„Секој тренер го гледа јануари како шанса да го подобри својот тим и јас не сум ништо поразличен. Јас лично го изготвив списокот на играчи со кои можеме да се разделиме, како и на оние што можеме да ги привлечеме. Меѓутоа, се зависи од клубот. “, кажа тој пред натпреварот со Атлетик (Билбао) вечерва.
Првиот од непотребните е халфот Карлес Алена, кому му беше дозволено да започне да бара нов тим. Според шпанските медиуми, тој ќе се присоедини кон Гетафе.
