
Фото: Роjтерс
Sвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ постигна трипл-дабл во победата над Хјустон Рокетс од 113: 100 како гостин во синоќешното тексашко дерби во НБА.
Словенечкиот кошаркар постигна 33 поени и додаде 16 скока и 11 асистенции, а со голема заслуга за успехот беше и Тим Хардавеј јуниор, кој реализираше 30 поени и 7 скока од клупата, вклучително и седум поени во рамките на помалку од пет минути на крајот, за да го запечати успехот на Маверикс.
Кај ʺракетите“ Кристијан Вуд беше прв стрелец со 23 поени, додека Џејмс Харден заврши со само 21 поен. Двете екипи се наоѓаат на средина на табелата во Западната конференција, Далас е на петтото место со 4 победи и 5 порази, додека Хјустон е на 10-то место со биланс 2-3.
Во Сан Франциско, Стеф Кари одигра многу силен втор натпревар по ред за да фо доведе Голден Стејт Вориорс до убедлива победа над Сакраменто Кингс од 137: 106 во калифорниски судир. Откако во неделата ги постигна рекордните во неговата кариера 62 поени во победата над Портланд Триерблеерс, двократниот МВП во Лигата вечерва постигна 30 поени, 9 скока и 8 асистенции, а вкупно седум играчи на ʺвоините“ постигнаа двоцифрен број поени за победата. ʺТоа покажува дека стануваме се подобри, а тоа е се кое што го сакаме“, изјави Кари по натпреварот.
Вориорс веќе имаат позитивен биланс од 4-3 и се искачија на шестото место на Западот, додека за Сакраменто тоа беше трет последователен пораз и тие се на 9-то место во истата конференција со биланс од 3 победи и 4 порази.
Останатите резултати од НБА:
Орландо – Кливленд 103: 83
Филаделфија – Шарлот 118: 101
Атланта – Њујорк Никс 108: 113
Мајами – Оклахома Сити 118: 90
Торонто – Бостон 114: 126
Милвоки – Детроит 125: 115 (43 поени за Антекотунбо за победници)
Њу Орлеанс – Индијана 116: 118.
