Фото: Роjтерс

Реал (Мадрид) може да се раздели со тројца играчи во текот на зимскиот преоден рок, пренесува ʺМундо Депортивоʺ.

Според изворот, играчот за врска Иско, дефанзивецот Алваро Одриосола и напаѓачот Лука Јовиќ се непожелни од штабот на Зинедин Зидан.

Иско веќе му соопшти на раководството дека сака да напушто и да замине во тим во кој ќе добие повеќе време за игра. За него има интерес одЈувентус, Манчестер Сити и Наполи. Реал е подготвен да го пушти играчот за 50 милиони евра.

Одриосола би можел повторно да замине на позајмица во Баерн, додека Лука Јовиќ има намера да се врати во Ајнтрахт (Франкфурт).


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO