Фото: Роjтерс

Нов скандал со прислушување избувна во Србија. Локалниот весник ʺКурирʺ тврди дека службеници на српската полиција го прислушкувале година и пол претседателот Александар Вучиќ, членовите на неговото семејство и дел од раководството на владејачката Српска напредна партија.

Прислушувани се разговорите на братот и најстариот син на претседателот, на директорот на разузнавачката служба, градоначалникот на Нови Сад, министерот за надворешни работи и други високи владини претставници, пишува весникот.

Неименувани извори истакнуваат дека не само што биле прислушувани разговорите на претседателот, туку во еден момент биле поставени камери наспроти државната вила.

Српските медиуми соопштија дека веќе е започната истрага за да се утврди кој, по чија наредба и со каква цел, го прислушувал шефот на државата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO