Лионел Меси е целосно опоравен од повредата на скочниот зглоб и е подготвен да игра за Барселона против Хуеска во недела, изјави тренерот на ʺсино-црвените“ Роналд Куман. Минатата недела Каталонците ремизираа 1-1 на домашен терен против Еибар, а во моментов се наоѓаат на шестото место во поредокот на Шпанското фудбалско првенство.

„Меси е во добра форма. Тој тренираше на 30 и 31 декември, дури и кога неговите соиграчи имаат слободен ден. Тој веќе не чувствува непријатност. Се чувствува добро и е целосно подготвен. Мотивиран е и е исклучително важен за нас“, изјави Куман.

Меси е во последните шест месеци од неговиот договор со Барса, и сè уште не е јасно што ќе се случи со него на лето.

„Тој е слободен да избере што да прави, како и секој друг играч со истечен договор. Тој докажал дека го сака најдоброто за тимот и немам проблем со тоа што не ја донел својата одлука во моментов. Не чувствуваме нервозни или загрижени заради тоа “, кажа уште холандскиот специјалист.

Барселона заостанува 10 бода зад лидерот во поредокот Атлетико Мадрид, но има еден натпревар помалку.

„Јас сум реален кога станува збор за нашите шанси за освојување на титулата. Не можеме да си дозволиме да изгубиме повеќе поени. Атлетико се претставува и работите се тешки за нас. Сите изгубени бодови можат да бидат одлучувачки“, заклучи Роналд Куман.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO