Фото: Роjтерс

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека земјата ќе има своја вакцина до крајот на април. Ердоган зборуваше преку видео врска на церемонијата на отворање на мостот Комјурхан во источна Турција.

„2020 година беше тешка година и за нашата земја и за човештвото. Моравме да го понесеме товарот на пандемијата во време на сериозни безбедносни и економски предизвици. Ние ги преврзавме раните на нашата нација и 2021 година ќе биде нова година во секоја смисла. „Верувам дека ќе ја надминеме епидемијата со вакцините што ги увезуваме, а најмногу до крајот на април ќе имаме и наша сопствена вакцина. Откако ќе го пребориме коронавирусот, ќе можеме да се фокусираме на нашите главни цели“.

Вчера, турскиот претседател Ердоган објави дека Анкара води преговори со Германија за заедничко производство на вакцина против коронавирусот. Турција и германската компанија ʺБајонтек“, сопственост на германскиот граѓанин од турско потекло Угур Шахин, склучија договор за до 30 милиони дози од вакцината, а на 30 декември во Турција пристигна првата пратка на вакцината „Коронавак“, на кинеската компанија СиноВак. Вчера Турција регистрираше 15 лица заразени со новиот брзо-ширечки вид на коронавирус и им забрани влез на британските граѓани. Во моментов во земјата е наметнат карантин, кој е во сила од новогодишната ноќ и ќе трае до 5 часот наутро на 4 јануари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO