Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска изјавија дека завршувањето на изградбата на гасоводот „Балкански тек“ и неговото пуштање во употреба е исклучителен успех на двете пријателски и братски држави.

Во телефонскиот разговор, Вучиќ и Борисов особено истакнале дека ова е значаен подвиг, бидејќи работите беа успешно завршени во услови на пандемија на вирусот корона.

Премиерот Борисов му соопшти на претседателот Вучиќ важна вест за Србија и нејзините граѓани – дека штотуку е завршен првиот дел од автопатот од Софија до границата со Србија.

Целиот дел од Драгоман до Софија ќе биде изграден до крајот на 2021 година, што значи дека Србија со тоа ќе стане една од најважните земји на транзитната рута помеѓу Западна Европа и Истанбул.

Вучиќ и Борисов разговараа за натамошно подобрување на економската соработка, како и за разни регионални прашања.

Едно од тие прашања е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Бугарија, кој двете земји веднаш би започнале да го градат, а кој, по изградбата на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција, ќе придонесе за уште поголема стабилност и енергетска безбедност во регионот.

Претседателот Вучиќ им ја честитал Новата година на граѓаните на Бугарија и им посакал да продолжат по патот на напредокот.

Тој му се заблагодарил на премиерот Борисов за неговото искрено пријателство и целосна посветеност на развојот на блискососедските односи меѓу Србија и Бугарија, соопшти Службата за соработка со медиуми на претседателот на Србија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO