Фото: Роjтерс

Австрискиот дефанзивец Давид Алаба ќе премине во тимот на Реал Мадрид како слободен агент на лето, тврди шпанскиот спортски весник ʺМарка“.

ʺКралскиот клуб“ веќе му упатиле конкретна понуда на 28-годишниот дефанзивец. Таа е за договор за 4 години, како фудбалерот ќе добива 10 милиони евра по сезона.

Алаба, кој игра за првиот тим на Баерн Минхен од 2010 година наваму, станува слободен играч на 30 јуни оваа година. Тој не се согласува со условите за новиот договор што му ги нуди Баерн и според ʺМарка“ сонува да игра за Реал Мадрид. Тренерот на шпанскиот шампион Зинедин Зидан веќе даде согласност за привлекување на Австриецот, кој од петок е слободен да потпише прелиминарен договор со секој еден клуб во светот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO