Фото: Роjтерс

Белгискиот халф на Интер, Раџа Наинголан, кариерата ќе ја продолжи на позајмица во Каљари до крајот на сезоната. 32-годишниот фудбалер веќе ги помина медицинските прегледи во клубот од Сардинија и го даде своето прво интервју за Centotrentuno.

Во него тој ги критикуваше ʺнероазурите“, објавувајќи дека ја изгубил својата радост до фудбалот во миланскиот гигант.

„Сакам да си ја вратам повторно, откако ме лишија од неа пред првиот дел од сезоната. Сакам да играм фудбал и сакам да го правам тоа. Мојата желба е да зборуваат за мене како за фудбалер, а не за апсурдните работи за кои ги читам за себе си. „На крајот се вратив таму каде што бев минатото лето. Се надевам дека ќе бидам тука и следното лето, тоа е мојата желба, но ќе видиме. Го имам чувството дека ме потфрлаат наваму-натаму“, вели Наинголан. Тој играше за Каљaари од 2010 до 2014 година, а минатата сезона играше на позајмица.

Неговиот договор со Интер истекува во јуни 2022 година. Меѓутоа, тренерот на ʺнероазурите“ Антонио Конте објави дека нема да смета на него, што доведе до неговото ново преостстапување.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO