Србија објави, дека го пушта во експлоатација својот дел од расклонувањето на гасоводот ʺТурски потокʺ. Претходно претседателот Александар Вучиќ објави дека очекува денес бугарскиот гас да стигне до српските цевководи.

Информација од бугарска страна за подготвеноста на гасоводот меѓутоа нема. Од Бугарското Министерство за енергетика објавија единствено, дека засега нема да ја коментираат темата.

Со новиот гасовод, кој во Бугарија се нарекува ʺБалкански поток“, (така го нарекува и Вучиќ) рускиот природен гас треба да достигне од Турција до Унгарија.Должината на српската делница е 403 километри, а предвидениот капацитет – 13 милијарди и 900 милиони кубни метри. метри гас годишно.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO