Фудбалерот за врска на Барселона, Филипе Коутињо ќе биде опериран на менискусот на левото колено, соопштија од клубот.

Бразилецот синоќа заработи повреда на коленото на мечот со Еибар (1: 1).

28-годишниот фудбалер се појави како замена за Миралем Пјаниќ, но не успеа да го заврши мечот.

Коутињо ќе биде подложен на артроскопија во наредните денови и според првичните информации ќе се опорави за околу четири месеци.

Оваа сезона Коутињо има 14 натпревари за Барса со 3 гола и 2 асистенции.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO