Вршителот на должноста министер за Европа и надворешни работи на Албанија, Гент Чакај, поднесе неотповиклива оставка до премиерот Еди Рама, со непосреден ефект, пренесува Анадолија.

На својот Фејсбук профил, Чакај објави дека поднел неотповиклива оставка затоа што Албанија е на прагот на изборна кампања и тој нема намера да се кандидира за парламент.

ʺПо успешното завршување на претседателството со ОБСЕ, отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ, вонредната работа за обезбедување места во Советот за безбедност за периодот 2022-2023 година, спроведувањето на низа мерки за подигање на факторот без преседан на Албанците на Западен Балкан, и бидејќи Албанија е на прагот на предизборна кампања, каде што немам намера да се кандидирам за парламент, верувам дека заврши поглавјето на мојата служба на чело на албанската дипломатија“, рече Чакај.

Тој му се заблагодари на премиерот Рама за довербата и блиската соработка во „не толку лесните“ околности за Албанија.

Премиерот Рама исто така најави оставка на Чакај и објави дека на негово место е назначена министерката за одбрана Олта Чака.

Гент Чакај, Албанец од Косово, беше назначен за министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија на 23 јануари 2019 година, на местото на неговиот претходник Дитмир Бушати.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO