
Фото: Роjтерс
Напаѓачот на Барселона Лионел Меси и напаѓачот на Атлетико Мадрид Луис Суарез би можеле повторно да станат соиграчи, пренесува ʺГол“.
За играчите е заинтересиран клубот од МЛС Интер Мајами, сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам. Спектакуларната зделка за Меси и Суарез може да се случи дури во летото 2022 година.
33-годишниот Аргентинец оваа сезона одигра 18 натпревари, постигна 10 гола и направи 5 асистенции. Неговиот договор со каталонскиот клуб е до летото 2021 година.
Уругвајскиот интернационалец има 14 натпревари за Атлетико, постигнувајќи 7 гола и 1 асистенција. Договорот на играчот со клубот истекува летото 2022 година.
Меси и Суарез играа во Барселона од 2014 до 2020 година.
