Фото: Роjтерс

Пандемијата создала десетици нови милијардери, кои стојат зад вакцините за Ковид-19, пишува американскиот магазин „Форбс“.

Тој публикуваше список од 50 лица – извршни директори на фармацевтски компании и инвеститори во овој сектор, чие богатство значително пораснало за време на кризата со Ковид-19 и во 2020 година станаа милијардери.

Како прво, станува збор за компании вклучени во ʺразвој на вакцини, лекови и медицинска опрема“.

Најистакнати меѓу нив се научниците кои стојат зад двете најуспешни вакцини против коронавирусот – американската компанија ʺФајзер“ и германскиот ʺБионтех“ и другата – американската ʺМодерна“, пишува „Форбс“.

Според изданието, богатството на извршниот директор и ко-основач на ʺБионтех“ – Германецот со турско потекло Угур Шахин, се проценува на 4,2 милијарди долари.

Французинот Штефан Бансел, кој раководи со ʺМодерна“, има 4,1 милијарда долари.

Богатството на американските инвеститори Тимоти Спрингер и Роберт Лангер, кои инвестираа во 2010 година 5 милиони и 1,5 милиони долари во развојот на ʺМодерна“, сега се проценува на 2 милијарди и 1,5 милијарди долари, соодветно.

На списокот на нови милијардери има и голем број директори на компании и инвеститори од Кина, Италија, Индија, Канада, Швајцарија, Хонг Конг и Данска.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO