Потпретседателот на САД Мајк Пенс, ќе се вакцинира за ковид-19 денеска, соопшти Белата куќа, а избраниот претседател Џо Бајден се очекува тоа да го направи во идната недела, соопшти РСЕ. Двајцата ќе ја примат вакцината јавно во обид да ја зголемат довербата во безбедноста на вакцината, која ќе стане широко достапна за јавноста следната година. „Сакам да се осигурам дека ќе му покажеме на американскиот народ дека е безбедно да се земе“, рече Бајден кој со своите 78 години е во категорија со висок ризик за коронавирус поради неговата возраст.

Бајден вети дека борбата против вирусот ќе биде главен приоритет кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари. Претседателот Доналд Трамп, кој загуби на изборите на 3 ноември од Бајден, често ја минимизираше сериозноста на пандемијата, во која починаа 304.187 Американци досега, и се расправаше со неговите врвни службеници за јавно здравје. Трамп сам ќе ја прими вакцината веднаш штом неговиот медицински тим утврди дека е тоа најдобро, изјави секретарот за печат на Белата куќа Кејли Мекенани. Претседателот беше хоспитализиран по позитивниот тест за ковид-19 оваа есен.

Почетните дози на вакцината, кои станаа достапни во САД оваа недела, се издвоени за лекари, медицински сестри и други медицински работници од прва линија, заедно со жителите и вработените во домовите за стари лица и некои претставници на американската влада


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO