Тоа беше вежба за политичка целесообразност и популизам. Во ноември, владата на ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов го искористи својот статус на лидер на држава-членка на Европската унија за да наложи вето на кандидатурата на соседна Република Северна Македонија за присоединување кон унијата. Тоа би требало да и помогне во консолидирањето на владеењето на правото, подобрувањето на нејзиното управување и, најважното, да ги донесе западните вредности во земјите кои сакаат присоединување.

Кусогледоста на Борисов може да го натера да се чувствува моќен и да ја зголеми неговата привлечност кај крајно десните антизападни гласачи, но блокирањето на шансите на Република Северна Македонија за присоединување кон ЕУ се заканува да ги разруши односите меѓу двете пријателски нации, може да ја запали пошироката нестабилност во регионот и нво крајна сметка да ги направи и Република Северна Македонија и Бугарија послаби.

Ветото на Борисов се заснова на користењето на историски разлики, бидејќи неговата влада настојуваше Брисел да не го признава македонскиот јазик како официјален јазик на ЕУ. Тоа дојде и на 132-иот ден од масовните анти-корупциски протести (во Бугарија), во момент, кога бугарската влада се стреми да ја засили својата внатрешна поддршка, а Северна Македонија се разгледува како ефективен инструмент за постигнување на тоа. Според владата на Борисов, Скопје треба веднаш да прифати дека Република Северна Македонија, нејзиниот јазик и култура се бугарски деривати. Точка.

Причините за едностраното вето на Борисов се не прости ненавремени и опасни, тие противречат на претходно изразените позиции. Во 2017 година, Борисов со својот колега од Северна Македонија го потпиша историскиот договор за пријателство, кој ветува поблиски билатерални односи и најважното, дека Бугарија ќе го поддржи присоединувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ.

Сега Борисов ризикува да ја изолира Бугарија меѓу земјите-членки на ЕУ, од кои повеќето, вклучително и Германија, се подготвени да го наградат Скопје за реформите и неодамнешниот компромис со Грција со Договорот од Преспа. Но, со оглед на коронавирусната криза и нејзините економски последици, расположението за проширување на ЕУ може да ослабне, што може да предизвика политичка нестабилност во соседните на Бугарија држави од Западен Балкан, кои се стремат кон членство во ЕУ.

За да излезат од овој взаемно разрушителен ќор-сокак, двете влади треба да започнат јасен процес за спроведување на Договорот за пријателство. Со воспоставувањето на таква рамка, секоја од земјите може да ја држи другата одговорна, додека работи за постигнување на целите, кои тие се договориле да ги проследуваат пред скоро четири години. Бугарите, на пример, би добиле форум за справување со сите нерешени историски проблеми, а граѓаните на С. Македонија би можеле да ги привлечат Бугарите за изработување на стратегија за земјата за работа со нејзините соседи во општо-европски контекст. Следејќи ваква линија, Борисов ќе се ангажира повторно со лидер – Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев – чија влада покажа доволно добра волја при разрешување на долгогодишните проблеми меѓу двете земји.

Во многу односи, стабилноста на Западен Балкан – или недостатокот од таква – зависи од тоа дали Борисов избира да се ангажира со Република Северна Македонија и да ги поттикнува нејзините амбиции во ЕУ.

Додека Бугарија се радува на придобивките од европското членство, две од нејзините пет соседки се заглавени во чистилиштето на присоединувањето во ЕУ. По дефиниција, земјите што се борат за членство во ЕУ, се стремат кон подобрена внатрешна стабилност, попријателски односи со членките на ЕУ и подобрени услови за привлекување на директни странски инвестиции. Разледувајќи го соседството на Бугарија, јасно е ,дека секоја држава во регионот би се искористила од присоединувањето на повеќе држави кон ЕУ. Ова важи особено за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Бугарија.

Брисел е претпазлив кон приемот на членови, кои не можат да ја докажат сопствената стабилност и официјалното стартирање на преговорите на Северна Македонија, би дало почеток на процес во кој Скопје ќе треба да докаже дека може да одговара на стандардите за управување, регулаторните и финансиските стандарди на ЕУ. Точно како што други држави во светот ја поттикнуваат стабилноста во нивниот регион со цел да го зајакнат внатрешното спокојство, зголемување на стабилноста во Северна Македонија би било од безусловна полза за Бугарија.

Влегувањето на Република Северна Македонија во ЕУ веројатно ќе има опипливи придобивки за Бугарија. Според последните податоци на Светската банка, Република Северна Македонија е само 17-ти по големина пазар за извоз во Бугарија. Не е тешко да се види дека приемот на Република Северна Македонија во ЕУ ќе доведе до зголемен просперитет на Бугарија. Неоходните реформи на пазарот и управувањето во Република Северна Македонија ќе ја направат земјата подостапна за странските инвеститори – вклучително бугари; Република Северна Македонија би имала слободен пристап до пазарот, до земјите на ЕУ и обратно; и Република Северна Македонија ќе одговара на условите за финансирање од ЕУ, што може да биде од решавачко значење за подобрување на домашната и регионалната инфраструктура. Резултатот би бил побогата Република Северна Македонија, која би можела да консумира повеќе бугарски стоки.

Членството на Република Северна Македонија во ЕУ може да се разгледува и како клуч, кој може да ја отклучи понатамошната интеграција во ЕУ во однос на други балкански држави, кои се во различни фази на кандидирање за ЕУ. Нивното присоединување кон блокот би и ги обезбедило на Бугарија истите опипливи економски придобивки. Република Северна Македонија меѓутоа е толку или дури поблиску од тие држави до постигнувањето на стандардите на ЕУ и би можела да му предостави на регионот план за успешно присоединување, ако и се даде шанса.

Разрешувањето на тие проблеми со сигурност ќе одземе време. Регион, толку разновиден како Балканот е осуден на историски спорови и како Република Северна Македонија, така и Бугарија имаат многу работи во нивната историја со кои можат да се гордеат. Изборот да живееш во минатото не носи полза на никого, освен за оние кои се премногу горди, за да гледаат во иднината.

Текстот е публикуван и преземен од Diplomatic Courier

––––––––––––-

Автори:

Цветан Цветанов, претседател на ʺРепубликанци за Бугаријаʺ, претседател на Евро-атлантскиот центар за безбедност (ЕАЦС) во Софија, Бугарија и беше заменик-премиер и министер за внатрешни работи на Република Бугарија 2009-2013 година.

Павел В’лнев -заменик претседател на ʺРепубликанци за Бугаријаʺ

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO