Оптимистички резултати во Грција – се намалува бројот на лица заразени со коронавирус по скоро еден месец блокирање. Меѓутоа, не се очекува целосно укинување на мерките за празниците.

После еден месец строги мерки и карантин, опаѓа бројот на заразените во Северна Грција. Во Солун се регистрирани 235 лица во последните 24 часа, во споредба со повеќе од 900 пред само една недела.

Има многу помалку заразени лица во Серес, Драма, Кавала, Лариса, кои до неодамна беа активни огништа на епидемијата.

Менаџерите на болниците во Северна Грција ја повикуваат владата да ги продолжи строгите мерки барем до крајот на годината.

Специјалисти од Советот за контрола на коронавирусот му предлагаат на премиерот бавно и постепено ослободување на мерките, но во области каде што бројот на болни и заразени е мал.

За прв пат и сопствениците на ресторани, барови и кафулиња се согласни со карантинот. Според нив, не е рентабилно да работат по празниците, бидејќи не очекуваат клиенти при овие мерки.

Министерството за здравство соопшти дека Грција ги добила првите седум фрижидери за складирање на вакцината, што се очекува кон крајот на декември. Таа ќе биде бесплатна и ќе им биде понудена најпрво на лица со ризични професии, како и на постари лица.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO