Мерките против епидемијата од коронавирусот што ги усвои бугарската влада ќе стапат на сила денеска вечер и ќе траат до 21 декември. „Нашата цел е да го преполовиме ризикот од инфекција“, рече началникот на кризниот штаб Венцислав Мутафчиски, додавајќи дека мерките во Бугарија се „полиберални отколку во другите земји“.

Покрај затворањето на градинките, училиштата, колеџите, како и кафулињата, рестораните и трговските центри, ќе бидат забранети организирани туристички патувања, додека спортските настани ќе бидат без публика. Спортските сали ќе бидат затворени, додека театрите ќе работат со 30 проценти од капацитетот на салите. Продавниците за храна и самопослугите ќе останат отворени.

Бугарија беше една од првите земји во Европа што воведе карантин во март, но се соочи со протести во текот на летото, владата досега ги намали мерките за носење само маска. „Ограничувањата сега се апсолутно неопходни за да се овозможи здравствениот систем да издржи сè понеиздржлив; притисок“, рече Мутачиски, додавајќи дека 2 000 здравствени работници биле заразени со Ковид-19.

Во Бугарија, со околу седум милиони жители, 3 226 лица починаа од вирусот корона, од кои 150 во последните 24 часа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO