Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева денеска во интервју за Ефе изјави дека Бугарија ќе го одлага почетокот на преговорите на Република Северна Македонија и Европската Унија се додека не се стави крај на „говорот на омраза кон се што е бугарско“, соопшти БГНЕС.

Захариева смета, дека односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да наликуваат на односите меѓу Шпанија и Латинска Америка: „Проблемот со историјата е што погрешните и лажни интерпретации на настаните, луѓето и случувањата имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава јазик на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, нешто што е апсолутно недозволиво за нас“.

Захариева рече, дека македонската политичка елита „ги минала изминатите 30 години од независноста од Југославија за да го стимулираа и толерираа тој јазик на омраза. „Бугарија никогаш не го одрекнувала правото на постоење на македонската држава, нејзиниот суверенитет и желбата да го нарекуваат јазикот, како што сакаат, но сето тоа не треба да се случува со помош на лаги и со одрекување за тоа како е создадена нацијата“, додаде Захариева и како пример ја наведува Латинска Америка: „Фактот дека Аргентинците и Чилеанците говорат на шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека тие имале заедничка историја до еден момент не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив тоа ги зближува“, смета Захариева.

Захариева рече, дека македонската страна не го почитува Договорот за добрососедство. Од влезот на земјава во НАТО, е забележано забавување на во сите области на соработка, од економијата, до инфраструктурата, образованието.

Захариева рече и дека Бугарија стравува од македонските територијални претензии и тврдењата дека во Бугарија има македонски малцинство, што го изедначи со иредентизам.

На прашањето дали европските партнери имаат разбирање на бугарската позиција, Захариева рече дека и Грција во минатото не била разбрана. Додаде дека бугарската позиција е во преговарачката рамка за Северна Македонија да бидат вклучени три посебни точки: формулација за официјалниот јазик на Северна Македонија, патоказ за реализирање на Договорот од 2017 година и откажување од страна на Скопје од претензиите за постоење на македонско малцинство во Бугарија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO