*Бугарија ќе се одрече од тврдењето дека сè што е „бугарско“ и  припаѓа само  неа.

*Р.С. Македонија ќе се откаже од досегашното  толкување дека  „Бугарин“ и не значи Бугарин.

*Македонците може да прифатат дека историјата е нивна или заедничка во зависност од историските периоди.

*Бугарите може да прифатат дека историјата е нивна или заедничка во зависност од историските периоди

*Бугарите  да прифатат дека македонскиот идентитет, нација и јазик се навистина причина за гордост на нивните соседи од Република Северна Македонија  кои сепак изнашле  начин да излезат  од странските суверенитети, под кој нивните предци административно паднале  спротивно на нивната волја.

*Историската комисија пред се да ја исчисти заедничката историја на двете земји кога територијата или дел на територијата на Република Македонија била под административна управа на Софија.

*Историската комисија во усогласените делови да има можност со налог до министерството за образование да ги промени содржините на учебниците доколку се констатираат работи од историјата кои предизвикуваат омраза помеѓу населението на двете држави или содржини кои не се совпаѓаат со утврдените факти од историјата констатирани од двете комисии.

*Комисиите да работат во утврдување на фактите до потпишување на договорот за пријателство во врменеска рамка  до влезот на РСМ во ЕУ.

*Двете земји ќе потпишат договор со кои нема да имаат аспирации кон териториите на соседот како и повредување на националните чувства на утврдените граѓаните на соседната земја.

*Со тоа Националноста по Род (Koreni) нема да се користи во понатамошните дејствија туку “Историјата на Потеклото на поединецот во заедничката историја”

*Заеднички Да се осуди репресивниот апарат на НР Македонија (СРМ) во едноумието и да се рехабилитираат жртвите кои биле прогонувани дека се декларирлае за Бугари.

*Заеднички Да се осуди Окупацијата на Македонија и административно/полициско и воено владение на Бугарија за време на Втората Светска Војна на дел од териториите на денешна РСМ.

*Да се отворат архивите на двете земји и да се разменуваат  документи важни за односите и настаните на двете земји до 1991 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO