Интересно ми е да дел од центарот и левицата во Република Северна Македонија навиваат за Бајден.

Другиот дел малку по десно за Трамп.

Полека изминува еден мандат на Трамп и јас онака би рекол -Одлично по нашата држава.

Администрацијата на Трамп за воспоставување на демократијата во нашата земја од мене заслужува чиста 10.

Администрацијата на Трамп во решение на спорот со Името со Грција, заслужува чиста 10 од мене.

Нај високите оценки ги добива администрацијата на Трамп за сите сфери и наши интерси.

Чиста 10.

Во неговата администрација на највисоки позиции има неколку кои добро владеат македонски јазик.

Позициите на Република Северна Македонија во Вашингтон се секогаш самоиницијативни поврзани со пријателства,роднински врски и симпатии на Јужното Крило на НАТО ем како логистика на нивните другари малку по јужно.(Доколку еден ден нашите политичари ја разберат оваа реченица ќе бидам особено задоволен)

У ствари да не се лажеме,освен твитањето на Трамп до денес не видов поголеми промени на Американската надворешна политика освен кон Европа малку и во некакви земји што немаат битно значење за нашите интереси.

И ова толку.

Фала му на Трамп што реши крупни проблеми наши, станавме членка на НАТО што не им успеа на други заради космички констелации во регионот.

Фала му на Трамп и за изместувањето на Македонската геополитика на запад.

Вкупно – Едно големо благодарам за првиот мандат.

Ете тоа е за Трамп.

Што со Бајден?!

Па ако победи има многу работа. Посебно приоритетна би била онаа за ЕвроАтлантските односи и нивно обновување.

За нашиот регион, веројатно демократите би се вратиле многу по силно да ја до суредат работата.

Она што Србите велат. Местото на Злосторството, би рекол да го допацифизираат Балканот да стани досаден како една Белгија.

Вучиќ би бил длабоко незадоволен. Додик се разбира. Би биле и други не задоволни.

Но народот би бил задоволен.

Бајден може Западен Балкан да го стави во пакет на нај новите преговори со ЕУ и да ја размрда заспаната бирократија и тие ситни курчеви. За ова има толку многу поддршка од кругови во Европа да би била Ренесанса. Нека му ја мисли Борис Џонсон.

Бајден и неговите би биле по жестоки со Русија на нивен начин. Нити Москва нити Пекинг го посакуваат Бајден. Со Трамп барем се на чисто.

Бајденовата администрација не се знае како би се однесувала по Сирија, Турција но не се знае како би се однесувала во Азија или Африка.

Тоа секако е сега во анализите на заинтересираните.

Полека влегуваме во финишот на изборите во САД.

Американскиот народ секако ќе одлучи.

Кој е подобар за нас.

Јас сум за Трамп ,макар што сметам дека може да ги изгуби овие избори.

Па,слабо сум на твитер што да правам.Гледам што прават,а не што твитаат.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO