По кој знае кој пат, во последните 29 години, сме сведоци на тензии и тешки политички спорови меѓу Софија и Скопје. Нашата надворешна политика не може меѓутоа да биде вечен заложник на еден спор, кој е изпразнет од содржина и смисла. Стратегијата на Бугарија за Западен Балкан како целина, но најмногу за Република Северна Македонија, страда основно поради нејзиниот целосен недостаток на далековидост во врска со развојот на регионот и идната ролја на Софија во него.

Кризата во бугарската надворешно-политичка визија е толку сериозна, што најважната насока на нашиот национален интерес од 1878 година наваму, се сведува на провокативни изјави, кои се разменуваат од двете страни на границата. Бугарија дури стигна до апсурдна ситуација да го заплашува својот југозападен сосед со блокирање на нејзините преговори за присоединување, ако не бидат исполнети одредени услови.

За жал, во општествениот простор скоро и да не се слушаат алтернативи на тезите, кои доаѓаат основно од една партија, чијашто поддршка социолозите во моментов ја проценуваат на 2-3%. Во последно време во во јавниот простор се слушаат уште покрајни мненија, како она на проф. Иван Илчев, кој двапати, без да има опонент во телевизиското студио, се обиде да нè убеди, дека Скопје може да стане наш ʺвраг“ ако го поддржуваме за членство во ЕУ.

Спротивно на кажаното од проф. Иван Илчев и Красимир Каракачанов, Бугарија би имала првостепена полза од скорешно членство на Северна Македонија во ЕУ. Нека да ги разгледаме четирите точки, кои претставуваат најголем интерес за бугарското општество.

Инфраструктура

Покојниот академик Марин Девеџиев, еден од малкуте наши учени географи, кои се занимавале активно со проблемите на бугарската геополитика, споделува во свое интервју во 2010 година, дека приоритетите на бугарската национална стратегија за XXI век се ʺпред сè изградувањето и модернизирањето на нашите транспортни врски со другите земји “.

Имено нашите инфраструктурни врски со Северна Македонија се клучен дел од изградувањето на Пан-европскиот коридор No. 8, кој би ги поврзал Црно Море со Јадранско море преку автопати и железници. Оваа артерија ќе биде основен дел од националната и европската транспортна мрежа и ќе има значење не само на локално ниво за поврзување на Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

Надвор од регионалната полза на проектот, тој би имал многу поширока ролја во транзитните врски помеѓу Јужна Европа (преку Италија) и Украина, Русија, Кавказ и Централна Азија. Следствено, подобрувањето и модернизирањето на транспортните врски помеѓу Бугарија и Северна Македонија автоматски би ја поставиле нашата земја во клучна позиција на еден од најважните меѓународни транспортни коридори, искористувајќи се на тој начин од стратешката позиција, која ја заземаме на геополитичката карта на Балканот и Европа.

Во една статија од 2018 година, инженер Иван Кацаров од Бугарски форум ʺТранспортна инфраструктура“ набележува неколку основни предности на Коридор No. 8 за економскиот развој на Бугарија:

  • Создавање на подобри услови за развојна туризмот во крајбрежните зони преку подобрување на транспортната достапност и насочување на транзитниот и товарниот сообраќај по автопатот, намалувајќи ги еколошките ризици во крајбрежната зона
  • Подобрување на услугата за транспортното опслужување на областите преку намалување на времето за патување меѓу државите во регионот.
  • Пренасочувањето на тешко-товарниот сообраќај кон автопатот ќе ја подобри безбедноста на движењето и ќе ги оптимизира расходите за поддршка на патната мрежа.
  • Обезбедувањето на подобро транспортно опслужување на регионалната и местната економија – т.е. подобар (брз и безбеден) пристап до пазарите на стоки и суровини – ќе ја зголеми конкурентноста на регионалните продукти.
  • Стимулирање на развојот на нови економски дејности во некои од помалите градски центри, кое ќе придонесе за развој на полицентричниот модел на мрежата од населени места.
  • Создавање на информативна поврзаност преку брз Интернет, недостапен во моментов за некои земји во регионот.
  • Можност за изградба на енергетски врски.

Очигледно е дека овој стратешки и до моментов најважен инфраструктурен проект за Бугарија би се исполнил многу полесно и би работел многу поефективно доколку Северна Македонија и Албанија се членки на ЕУ. Тоа би го олеснило финансирањето на различните делови од проектот, би го направило порезултантно планирањето и неговото исполнување во рамките на ЕУ, и не на последно место-многукратно би го олеснил идниот транспортен сообраќај поради недостаток на гранични проверки и слободното патување во ЕУ.

Забавувањето на евро-членството на Северна Македонија практично го обречува овој клучен за Бугарија проект на неодредено време, а тоа би изиграло крајно негативна ролја за потенцијалниот економски развој на нашата земја и на регионот.

Економија

За бугарската економија е очигледна предност, соседна на нас држава да е интегрирана во заедничкиот пазар на ЕУ. На прво место, тоа би ги олеснило нашите инвестиции во земјата. Искуството, кое  бугарскиот бизнис го има по нашето 13-годишно членство во ЕУ би било полезно за проодувачката во правилата на ЕУ македонска економија.

Дополнително, примањето на Северна Македонија во ЕУ би им дало можност на бугарските работодавци да го имаат на располагање тамошниот пазар на трудот, искористувајќи се од слободното движење на работници во Европската унија. Поради својата позиција како најсиромашна економија во Унијата, во моментов Бугарија тешко се бори за привлекување на работници од другите земји-членки. Платите и условите на труд во Северна Македонија се генерално полоши од тие кај нас, а географската близина и недостатокот на потреба за изучување странски јазик се други предности, заради кои македонските работници би ја избрале Бугарија како работно место во ЕУ.

Важен чекор кон изнаоѓање на заеднички јазик меѓу претприемачи и инвеститори од двете страни беше направен преку создадениот  во 2019 год. Бугарско-македонски бизнис форум. На последната средба на форумот во февруари годинава. во Куманово, градоначалниците на 29 македонски и 12 бугарски општини разговараа за европски фондови и програми, како и за заемна соработка помеѓу владите, локалната власт и приватниот сектор во двете држави.

Безбедност

Северна Македонија е членка на НАТО од 2020 година. И покрај тоа, потенцијалното влегување на земјата во Европската унија би значело многукратно проширување на соработката меѓу Софија и Скопје, преку која двете земји ќе можат многу поефективно да се справат со заеднички проблеми од сфертата на безбедноста – како тероризам, трговија со луѓе и оружје, илегална миграција. Потребата од засилена билатерална соработка стана очигледна за време на бегалската криза во 2016 година, кога на граничниот пункт ʺЗлатаревоʺ се одржа заедничка вежба меѓу бугарски и македонски воени единици и полиција.

Членството на Северна Македонија во ЕУ би било и чекор кон конечно раскинување со митот за ʺбалканското буре со барут“ и лошата слава, која Балканот ја носи од почетокот на 90-ти години на минатиот век, поради речиси постојаните воени конфликти и нестабилност. Слично на Босна и Херцеговина и Косово, во земјата суштествува висок ризик од политичка нестабилност. Последен пат, сериозна ескалација на тензиите имаше само пред 5 години – во пролетта 2015 година терористички напади беа извршени во Куманово и Гошинце од составената од етнички албанци сепаратистичка организација ʺАрмија за национално ослободување“.

Кај нашиот југозападен сосед, ризиците од расцеп по етничка и религиозна линија остануваат сериозни. Исклучително негативно би било сценариото, во кое во земјата повторно избувнуваат такви суфири – или во најлош случај се стигне до територијални промени. Во ваков развој на настаните, меѓународниот рејтинг на Бугарија автоматски ќе биде намален и на нашата земја повторно ќе се гледа како на дел од регион со висок ризик.

Блиската соработка меѓу нашите две држави во сферата на безбедноста е без алтернатива и од уште еден аспект – од географски причини основните меѓународни патишта за нелегална трговија преку Балканот минуваат имено преку нашите територии. Со други зборови, ако Бугарија сака да ја подобри сопствената безбедност, таа има витален интерес од соработка со Северна Македонија – а тоа би се осуштествило најдобро преку искористување на механизмите во Европската унија.

Морално-сентиментални причини

Членството на Република Северна Македонија во ЕУ би означувало во пракса исполнување на нашиот преродбенски национален идеал во реалностите на XXI век. Нема момент во последните 100 години кога вештачка граница не ги разделувала бугарскиот и македонскиот народ. Прво – меѓу Царство Бугарија и Кралство Југославија, по Втората светска војна – меѓу социјалистичка Бугарија и Југославија на Тито, а сега – меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Полноправно членство на двете држави во Европската унија, практично, ќе ја отстрани денешната граница и ќе го отвори патот кон заедничка соработка, заемно разбирање и економски напредок во рамките на заедничкото европско семејство. Денешните бугарски политичари го имаат моралниот долг да ја исполнат нацртаната од нашите претходници национална кауза, предавана од поколение на поколение преку приопштување на историско-географската област Македонија и нашите сонародници кои сè уште живеат таму, макар и со друга националност.

Неспорно е дека културната и јазичната блискост, би го претвориле нашиот југозападен сосед во најблизок партнер на Бугарија, како на Балканот, така и во рамките на Европската унија. Независна Северна Македонија, како членка на ЕУ, со еднакви права и еднакви обврски, ќе престане да биде ʺјаболко на раздорот“ во срцето на Балканот и би се претворила стане обединувачка алка меѓу сите држави на полуостровот. Иднината на бугарско-македонските односи е не во бескрајни спорови за историјата, а во прифаќање на реалностите и решавање на проблемите врз основата на нашите заеднички интереси.

–––––––––––

Автор на статиjата: Александар Малинов-бугарски набљудувач и аналитичар на процесите во Источна Европа и Балканот. Магистер по европеистика на Универзитетот во Амстердам. Верува во вистината и во доброто.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO