Време е да Република Северна Македонија ефективно заврши договорите за гасот со Грција и да ги отвори преговорите за нафтоводот со Грчката влада.

Паралелно со овие преговори нас ни треба меѓудржавна комисија со Косово, а како посматрач, Црна Гора.

Тема – Градење на стабилен гасовод до Приштина и продолжување на нафтоводот од Скопје до Приштина. При тоа не е исклучено голем и дебел оптички кабел да биде поставен од Скопје до Приштина и Подгорица.

Гасоводот од Скопје би продолжил за Косово, а од таму за Подгорица.

Со тоа да јазлите за оптичкиот и нафтоводот би биле во Скопје.Со тоа би добиле на значење, а Приштина и Подгорица би биле независни од други доставувачи.

Ова е наш приоритет во скора иднина. Покрај патот за Косово кој мора од одма да се отпочне да се гради ,заедно со Регионалниот Клинички Центар во Скопје, а наменет за Косово и Јужниот дел на Србија.

Други интереси освен овој се -Отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Каде Зоран Заев ја има клучната улога во позитивна разврска и договор со Бугарија.

Топката мора да се симни на земја и да се приземји во Софија и во Скопје. Нека изгледа топката и тешка и парталава и емотивна и ..и ..и..сеедно е. Време немаме .

За ваквите наши геополитики од низок интензитет имаме доволно поддршка од земји со Висок Геополитички интензитет.

Што е во наша полза и корист во овие моменти.

Во трета фаза е нашите термо централи и Косовските централи да ги направиме комбинирани.

Да користат и јаглен и гас за производство на струја.

Друга работа и си немаме. Освен да градиме патишта и да се занимаваме со овие првостепени работи. Се другото е само дневна,партиска политика.

Да. И земете тешки преговарачи. Да не личиме на балканска боранија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO