ʺМислам дека бугарската страна треба јасно да процени против кој ʺмакедонизам“ се бори. Дали против македонизмот на Бугаринот и Македонецот Гоце Делчев, дали против македонизмот на Бугаринот и Македонецот Тодор Александров, дали против македонизмот на Македонецот Методи Андонов-Ченто, дали против македонизмот на југословенот и Македонецот Лазар Колишевски, дали против македонизмот на Блаже Конески, или против македонизмот на ʺантиквизаторот“ и србоманот Никола Груевски. Тоа се се различни форми на македонизам и бугарската страна треба да разбере, да се изјасни што точно сака од македонците, и против кој точно македонизам се бори“- ова утрово го изјави доц. проф. Стефан Дечев во етерот на Радио Благоевград.

Неговото интервју заврши со зборовите: „Балканската војна, Првата светска војна, Втората светска војна – тие нема да бидат спечелени ретроактивно во Брисел: единствено Бугарија ќе биде дискредитирана од сето тоа“.

Може да го слушнете целиот разговор на Валентин Дишев со Стефан Дечев на радиот Благоевград на аудиофајлот ОВДЕ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO