
20.09.2020 Добро Утро
Од секогаш сум ги мразел прашањата за Македонско-Бугарските односи, историја и политика.
Двете истории пукаат од фалсификати. Еден надуван балон кои едната и другата земја ќе го платат кога и да е.
Проблемите настануваат кога во овие нерешени прашања се замешаат, емоциите, дневната политика ама и тие што ја поддржуваат фалсификуваната историја на двете страни.
Ние, морам ние, па нема да им уредувам историјата во Бугарија, не успеавме ни за 30 години да ја ревидираме нашата историја, ради дневна политика и партиска, нормално.
Околу 100 пати напишав дека ние сме НЕЗАВИСНА ДРЖАВА, а со тоа ние мораме да создадеме историја и култура на НЕЗАВИСНА ДРЖАВА во која или кои Федералната Историја до 1991 ќе ја измениме од гледиштето на НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.
За разлика од Федералната Историја направена по терк, концепт, намера да ја спречи сукцесијата на СФРЈ но и да не предизвика братоубиствени војни.
На нашиот народ, емоциите и релациите со државите произлезени од СФРЈ се сеуште во главата и не можат да согледаат што требаше да се направи кога оваа земја стани НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.
Од тоа окркавме судари и внатре и судари со соседите.
Дел од таквите дури и предизвика моменти да ние нашите граѓани дури и забраниме да се школуваат на високо школски установи на нивни јазик.Дури и тоа го предизвикавме.
Не се оттргнавме од духот на СФРЈ ни во односите со Грција,а најмалку со Бугарија.
Простете ние се уште сме политички не зрели да управуваме НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.
Независна држава значи да ја уредуваш и да направиш историски, културни и се по голем список елементи, ревидирање и доучување на тоа што значи НЕЗАВИСНА ДРЖАВА ,а при тоа да не крадиш толку како да не е твоја.
Толку не верувавме во својата држава, НЕЗАВИСНА ДРЖАВА , да генерации воспитавме да крадат оти таквата држава и нема баш да опстои.
Ова е нашата Македонска Катарза.
Денес можете да викате против Грци и Бугари но основата на НЕЗАВИСНАТА ДРЖАВА зборува дека сеуште имаме внатрешни проблеми кои создаваат НЕПРИЈАТЕЛИ или ги зачувуваат непријателствата.
Не само на овој Претседател или Примиер ,на скоро сите со исклучок на Груевски,Иванов,Пендаровски и Зоран Заев сум им повторувал дека решението на проблемите е внатре.
Градење на НЕЗАВИСНА ДРЖАВА со сите културолошки посебности и колорити до ревидирање на ФЕДЕРАЛНАТА ИСТОРИЈА во НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.
Ова не сум им го објаснил на наведените заради што ТИЕ СИ ЗНААТ И СЕ СИ ЗНААТ па никогаш не сум имал некаква голема потреба да им објаснувам нити да упаѓам во мислите им и нивните концепти и разбирања.
Ниту кај тие што ги наведов нити порано и имало слух да се направи нешто кое би ја зацврстила НЕЗАВИСНАТА ДРЖАВА и би решила проблемите ем внатре ем за надвор.
Останува сега да крештиме, даваме изјави или пишуваме емотивно по нашите демек НЕПРИЈАТЕЛИ. И пак од ново и пак од ново да живееме во светот на непријателите и окружени со нив.
Бајките во Македонија продолжуваат не само заради Бугарија или Грција или било кои.
Огледалото во кое треба да се видиме е сеуште прекријано со дебел превез.
До следна прилика.
Некакви нови генерации на политичари еден ден ќе донесат многу поумни решенија.
Поздрав и УБАВ ДЕН ВО НЕЗАВИСНА ДРЖАВА..КАКВА И ДА Е ТАА И КОГА ЌЕ Е ТАА
