Бројот на 20 јануари 1941 година на авторитетното американско списание TIME е посветен на Бугарија, нејзиниот цар Борис III и судбината на неговата земја во втората година од Втората светска војна. На главната корица на неделникот се наоѓа голема фотографија на Неговото Височество во воена униформа, со шлем на главата. Во тоа време, ниту Бугарија ниту САД земале страна во војната.

Преводот од англиски на бугарски е на Никола Алтанков, а статијата е објавена во списанието „Бугарија Македонија“, број 3, 2014 година.

Зборовите на американскиот полномоштен министер во Софија Џорџ Ерл III на крајот на оваа публикација не се дел од статијата во американскиот неделник

TIME Magazine, 20 јануари 1941 година

 СВЕТСКА ВОЈНА

 Стратегија

Војната не протекува спокојно како река; нејзините дејства надоаѓаат и се снижуваат како плима и осека. Минатата седмица Европа ги очекуваше големите пролетни плими: можна кампања на Балканот, скоро сигурен напад против Велика Британија. Но, овие плими сè уште не беа започнале да се надигнуваат, бидејќи плимите од зимата сè уште не се беа повлекле. Грчкиот бран продолжуваше да ја преплавува поразената италијанска армија во Албанија. После неколку недели опсада, Клисура падна и Мусолини повторно ја изврши поредната командирска сменана. Во Либија, британската офанзива продолжуваше, но таа беше спечелена уште пред стигнувањето до Бардија. Остануваше само да се изјасни каков дел од италијанската армија ќе биде уништен пред започнувањето на новата кампања. Старата плима се повлекуваше, но нови и тоа позастрашувачки плими, може скоро да избувнат.

Низините на 1941 година

Бугарија, која е далеку од Холандија и е одделена од неа по широчините на Европа, како и по крвни и културни разлики, минатата седмица беше принудена да се зјапне во сериозен и изненадувачки за неа факт: во стратегијата на Втората светска војна, Бугарија денес е во положбата на Холандија од 1941 година.

Сега, како и пред една година, нацистите се надеваат да ја добијат војната победувајќи ја Англија. Но, до Англија не се стигнува лесно. Минатата година, нацистите привремено го напуштија овој проект, фокусирајќи се на главните сили на сојузниците како нивна прва задача. Тогаш тие армии биле во Франција, а најлесниот воен начин да се стигне до нив бил преку Белгија и Холандија.

Тие години, главните сојузнички армии се во источното средоземноморие: грците во Албанија, Британци, Австралијци и Новозеланѓани во Либија. И најудобен за нацистите начин да навлезат таму, каде сојузничките војски се силни, фактички е единствениот пат за придвижување по копно, и тој пат минува низ Бугарија и соседна Југославија. И така, во 1941 година, Бугарија и Југославија се во истата опасна положба како Белгија и Холандија во првите седмици од 1940 година.

Двапати – во ноември 1939 година и во јануари следната година – војната на нерви во Холандија прерасна во конкретна закана. Се носеа гласини за претстојниот напад. Се набљудуваа и натрупувања на војски на границите, се шепотеше за ултиматуми и крајни рокови.

Минатата седмица Бугарија се најде во иста стратешка положба и во слична нервозна состојба.

Нешто повеќе од чир

Минатата седмица, во 6 часот и 5 минути, премиерот на Бугарија, проф. Богдан Филов, се врати во Софија по петдневната посета во Виена. Пред новинарите тој лаконски изјави: ʺСоопштенијата распостранувани во Америка во врска со мојата посета во Германија не се точни“. Тој едноставно заминал отиде да се сретне со својот лекар, ништо повеќе.

Меѓутоа, и покрај доцниот час, од аеродромот тој право отиде во неговиот кабинет. Следниот ден пропатува 70 километри за да стигне до обраснатиот со борови зимско одморалиште ʺЧам Коријаʺ, каде да му раскаже на Цар Борис сè за неговата посета кај лекарот. Следниот ден неговите разговори со Царот продолжија. Истиот проф. Филов го свика неговиот кабинет во Софија на вонредно заседание, на кое им раскажува на министрите за неговото патување по повод неговото здравје.

Нешто многу посуштествено од чир на желудникот на Богдан Филов беше дискутирано за време на тие бурни средби. Тоа било само тоа: дали да се даде или не право на транзитно преминување низ Бугарија на германски војски, или барем да им се дозволи да користење на воздушни бази во земјата, така што големиот крај на оската Рим-Берлин може да го извади својот мал крај од грчкиот сврдел.

Решението на Бугарите не би имало апсолутно никакво непосредно значење: Германците несомнено би можеле да навлезат во Бугарија, без оглед на тоа, дали Бугарите го сакаат или не. Но, последиците од такво решение би биле од големо значење за исходот на целата војна. На кревките раменици на Борис III, кој на почетокот не сакаше да стане цар, сега се беше натоварил огромен срцев товар.

Дипломиран Европеец

Царот на Бугарите е мил и добронамерен. Тој го сака мирот, сака да колекционира крилја од пеперутки, да проучува нежни планински ливчиња, да го притисне педалот на бензинот во колата и да го повлече свирката на локомотивата, со два збора, да се труди во природата и да истражува во науката. На 15-годишна возраст го завршува Военото училиште во Софија и се борел во двете Балкански војни, како и во Првата светска војна. Но, тој ги претпочита мирните занимувања: патува низ провинцијата инкогнито, се шета по улиците на Софија неугледно облечен, разглобува машини, ја шета својата горда руска хртка, разговора со селани. Создава впечаток, дека да биде цар не е негова желба. Вели: „Не би се уплашил да го изгубам својот трон. Ако тоа се случи, ќе заминам директно во Америка и ќе најдам работа како механичар “.

Сега, кога стратегијата на војната ја поставила Бугарија на нишанот, Борис, човекот на мирот, е во центарот на тотален притисок. Тој управува нација од Словени.

По крв, претежно е французин. Неговите роднини се царските семејства на Англија, Белгија, Португалија, Романија. Неговата сопруга е ќерка на италијанскиот цар.Припаѓа кон грчкото православие по вера. Рускиот цар Николај Втори му е кум. Татко му, поранешниот цар Фердинанд, е прогонет во Германија.

Освен овие лични врски на Борис, Бугарија одамна е најблискиот пријател на Русија во Европа, како што одамна неговата земја била на патот на посакуваната од Германија експанзија кон Блискиот исток. Се зборува, дека неодамна некој го прашал царот каква е надворешната политика на Бугарија. Борис одговорил: „Моите министри се германофили, мојата сопруга е италијанофилка, моите поданици се русофили – јас сум единствениот неутрален во земјата“.

Борис не зборува празни приказни. Неговиот народ е поврзан преку јазикот со Русија, култура, традиција, крв и чувства со Русија а неговите луѓе никогаш нема да заборават, дека токму Русија ги ослободила од турскиот јарем и ја создала краткотрајната Голема Бугарија од 1878 година. Неговите министри, меѓутоа, поспецијално премиерот Богдан Филов и човекот кој ја контролира бугарската полиција, министерот за внатрешни работи Петар Габровски, сметаат дека реализмот и наложува на Бугарија да ја игра германската игра, дури и ако тоа води до понижување, како што е случајот со Романија. Царица Јоана, природно, мисли, дека Бугарија треба да ја постави својата една нога во италијанската чизма, дури и ако тоа означува, дека другата ќе е во гробот. Само Борис ја има многу многу едноставната цел: Бугарија за Бугарите – ако е возможно. Но, на Борис може да му се наложи фактот, дека во 1941 година тоа не е возможно. Малку по неговата посета во Берлин во ноември, Херман Геринг сосема многузначно му укажал на на еден бугарски коресподент: „Вашиот цар е премногу неутрален за да ни одговара. И во секој случај, во новиот европски поредок нема место за царови“.

Заканата

Минатата седмица изгледаше, дека трпението на Германија кон неуспесите на Италија се исцпило. Коресподентот на белградската Политика во Берлин соопшти: „Се создал впечаток дека Берлин повеќе не го третира италијанско-грчкиот конфликт како локална случка, но како инцидент кој со секој ден станува сè понепријатен. Круговите во Берлин ја предупредуваат Грција да размисли добро и да се поучи од судбината на Финскаʺ.

Германија веројатно претпочита да не отвора значаен фронт на Балканот, особено таков, кој може да ги повтори тенденциите од 1918 година. Успесите на Англија и Грција во областа на Средоземно море се закануваат да го претворат грчкиот конфликт во таков фронт. Вистина е, дека во текот на последната седмица не се отцртуваше таква закана, бидејќи постојаното напредување на генералот Сер Арчибалд Вејвел во Либија се чини дека ја демонстрира желбата на Англија да го заврши уништувањето на италијанската армија во Либија, исклучувајќи ново ангажирање на сили за некое време. Ниту пак заканата беше толку сериозна. Солунската офанзива, која доведе до сојузничката победа на Балканот во 1917-1918 година, изискуваше не помалку од 28 дивизии – многу повеќе војски отколку Велика Британија и Грција беа собрале точно сега.

Сепак, опасноста суштествува. Ако англичаните воспостават стабилна десантна сила во Солун, заканата ќе се претвори во неизбежност. Минатата седмица, Хитлер го започна својот обид да ја елиминира во нејзинот зародиш.

Основна точка на современата германска воена теорија е дека сојузниците треба да војуваат индивидуално. Нацистите сметаат дека инструктори, техничари, советници од страна на супериорен сојузник (кој секогаш се случува да е Германија) може да им помогаат на инфериорните, но значајни активности никогаш не треба да се извруваат заедно. Соодветно, доколку имаше од, со кој Германија да ја удри Грција самостојно, би било логично да се очекува, дека нацистите ќе го извршат.

И таков пат суштествува, многу пократок, поудобен отколку преку преминот Бренер и преку Италија. Тој пат лежи преку Југославија и Бугарија до Солун.

Во изминатата седмица имаше изобилие од пројави, кои покажува дека германската армија се подготвува да тргне по тој краток пат. Околу 30 дивизии беа концентрирани во Унгарија и Романија, со дополнителни единици веќе тргнати на пат. Исто така минатата седмица, беше соопштено за околу 700 огромни понтони, способни да пренесат тешки тенкови и камиони, кои се придвижуваат до Дунав. Им беше наредено на Романците да ги подготвуваат складишта за бензин, кои да се распрснати и целосно екипирани до 1 февруари. На Балканот се ширеа гласини дека е утврдена крајниот датим. Според други гласини, германски единици во цивилна облека веќе се наоѓаат на бугарско тло.

Но, крајниот датум помина. Големите снежни врнежи ги направија железничките и телеграфските комуникации несигурни и ја направија невозможна механизираната војна. Како што Италија се убеди во Грција, не вреди да војуваш на Балканот со противник, кој има надмоќ со војски, кои го користат старомодниот начин на војување на копно. Згора на тоа, Дунав замрзна: недоволно стабилна ледена покривка за да ги задржи механизираните единици, но доволно за да не дозволи понтонски мостови. А преку Дунав има само три постојани мостови. Ако англичаните не се појават масовно во Грција, очигледно нема потреба да се брза. Сепак, главната причина за одложувањето на таквата акција до пролетта е тоа што политичките мостови сè уште не се изградени.

Пријател или враг?

Најголемиот незаврзан јазол, како и секогаш, беше во советската врска. Очигледно е, дека Русија не би била многу среќна да го види својот мал пријател на Балканот-преминал како  Романија-во германски раце. Во текот на минатата седмица, еден непознат, млад руски дипломат, Александар Михајлович Александров, за кого се знае, дека е шеф на балканскиот оддел во Комесаријатот за надворешни работи, се појави во Софија како легационен советник. Според гласините, тој пристигнал во бугарската престолнина да му укаже морална поддршка на Борис, за отфрлање на германските барања. Следниот ден, официјалната руска агенција ТАСС издаде остро комунике: ʺАко германски војски се навистина во Бугарија и ако навистина ќе бидат испратени дополнителни единици, тогаш треба да е јасно, дека сèто тоа, кое што се случило и се случува е без знаењето и согласноста на СССР “.

Јасно е дека Германија не може да си дозволи да ја антагонизира Русија и следствено да го потврди, отколку да го ограничи вториот воен фронт. Отуѓувањето од таков карактер речиси сигурно би ја вовлекла Турција во војната. Но, е и не помалку јасно дека Русија не смее да војува со Германија. Се соопшти, дека 1) Адолф Хитлер му ја предложил на Јосиф Сталин цела Финска и дополнително дел од Романија во замена за слобода на дејствување против Грција и Турција и 2) дека му предложил на Борис уште од Добруџа, за да им дозволи на германските војски да ја искористат Бугарија како коридор кон источното Средоземноморие.

Со малкуто време, кор го имс на располагање, Адолф Хитлер сигурно би нашол начин да блефира или да го убеди Сталин и да го задоволи или исплаши Борис III. Борис треба да се исплаши,  затоа што неговите шанси да добие адекватна поддршка од Грција, Турција или Англија за одбраната на неговата земја, не се блескави.

Додека Хитлер ги завршува своите подготовките за превземање на Бугарија без борба, неговата предна армија психолошки сапери продолжува да биде зафатена со поткопување на моралот со камуфлажа, како распостранувањето на тест гласини и неверодостојни соопштенија, отворајќи го на тој начин патот за блицкриг во пролетта, слично како оној во 1940 година во Холандија. Таква бркотница од противречни соопштенија циркулираа на Балканот во текот на минатата седмица, дека нацистите навистина биле изненадени. ʺТоа е таква прекрасна магла“, кажа еден радосен портпарол во Берлин, ʺи тоа подготвена од други за нас“.

ʺСамо за Бугарија“

Кон крајот на седмицата, тревожните состаноци што ги одржа Богдан Филов со Царот и неговиот кабинет, дадоа плодови. Тој замина за Русе, на Дунав, точно спроти местото каде што се знаеше дека Германците се со најконцентрирани сили. Таму тој одржа говор во кој ги изрази чувствата на Борис:

ʺНародот треба да знае дека денес сме сведоци на една од најголемите катаклизми што досега ги видела историјата“.

ʺНие не треба да бидеме под влијание на нашите чувства, симпатии или желби. Пред сè, треба да останеме Бугари и да работиме само за Бугарија, да бидеме подготвени на жртви само за интересите на Бугарија и никогаш за туѓи интереси ..

ʺТреба да ве предупредувам дека војната и мирот денес не зависат од мали земји како Бугарија. Таа е толку мала што не е во состојба да диктира дали ќе има војна или мир. Така што ние треба да бидеме подготвени за сè, што може да се случи “.

Постскриптум од преведувачот:

Американскиот амбасадор во Бугарија, Џорџ Ерл III, на неговиот англиски колега во Софија, Џорџ Рендел, во април 1941 година: ʺКажете ми, Ве молам, што би направила Англија на местото на Бугарија, ако како неа немаше повеќе од 6 милиони население и ако Ламаншот не беше поширок од Дунав? “

Преземено од fakel.bg

 

 

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO