ʺА понекогаш го имам чувството, дека не јас, а мојот син разговара со него“.

Забележителна е историјата на Леонид Јанков – Леонид Војвода од село Мачуково, Гевгелиско. Роден е на 10 март 1878 година во семејството на Ката и Трајко Јанкови, умира во 1905 година. За своите 27 години успева да се претвори во легенда, за кого песни се пеат.

ʺТрба, трба, гевгелиска…“ која била во класирањето дури за химната на Република Македонија. Во Северна Македонија,  за него учат во училиште. Кај нас, за жал, помалку знаеме за Леонид Јанков. Можеби затоа што, како што вели Румен Леонидов: ʺнашиот однос кон историјата е многу селективен“.

ʺА тој не е само наш, тој им припаѓа на сите“, тврдел шоферот, возејќи го до лобното место на Леонид Јанков. И го заколнувал да напише книга за неговиот прадедо.

Кој е Леонид Јанков – ʺеден од нелегалните дејци во таа историја“ – скромно вели поетот, но се гордее, дека го наследил чувството за справедливост, непомирливост и христијански морал, својствени за неговиот легендарен дедо.

ʺОтсекогаш сум знаел, дека некој ден ќе се видиме со дедо ми. И тој ќе ми побара сметка.

Село Мачуково, кое сега е во Грција, е големо бугарско село кое дало и многу нелегални дејци за народната слобода.

Но, Леонид останува во народната памет со неговата херојска смрт,и го воспеваат како Марко Кралевити, Момчил јунак и дете Големеше ..

Бил бујно дете, сакал и можел да стрела добро. 17-годишен станува курир на ВМОРО. При една средба во село Бајалци со Христо Чернопеев, се случува предавство и Леонид попаднува во затвор. После 7 месеци е пуштен и неговата прва работа му е да побара сметка од предавникот. По кое станува професионален револуционер во четата на неговиот братучед, Аргир Манасиев. Бил бескомпромисен кон предавници, шпиони и гркомани.

Учествува во Илинденско-Преображенско востание, кое е жестоко задушено. Во крвавите денови по востанието освен турските репресии, уште пожестоки, меѓутоа се пројавуваат набезите на андартите-грчката вооружена пропаганда, која соработува со Турците.

Измачувањата се ужасни, малку знаеме за нив, но Леонид се бори како лав, безмилостна е неговата одмазничка сила, ги гони и антардите и нивните помагачи.

Како сурови кадри од недовршен филм е расказот за оваа животна историја.Приказната за оваа животна приказна е како сурови снимки од недовршен филм.

Факт е, дека не само песната ја запечатаи херојската смрт на Леонид, но има и автентични архиви, кои го сочувале сеќавањето на овој краток, но блескав живот на херојот.

Како се стигнува до трагедијата во Ѓуров Дол на 31 август? Повторно предавството е во основата. Пресретнато е писмо, прочитано од Турците. Солунскиот паша испраќа потера-целито расположлив аскер и локалниот башибузук, во песната се тврди дека 3.000 луѓе тргнуваат да го бараат и да го уловат војводата.

Леонид не е со четата, а со две невооружени момчиња, кои ги испраќа да си заминат. Стрелајќи од различни места, успева да ја заблуди војската, а кога му свршуваат патроните, турците решаваат, дека четата се повлекла и започнуваат да отстапуваат. Но, несреќна средба со двајца турски војници кои се качиле на една смоква, ги враќа турците, нерамната битка продолжува и кога Леонид останува со два патрона, како што наложува клетвата на ВМОРО, за да не падне жив во рацете на врагот, стрела во јузбашијата, а потоа пука во своето грлото и става крај на својот живот.

Поради неговиот краток метеорски живот, оставајќи две деца и семејство, но исполнувајќи ги диктатите на борбата, заради невидената жртва да се бори сам со турската потера, кое предизвикува чувство на восхит кај врагот, Леонид Јанков се претовра во олицетворение на борбите на бугарскиот народ во Македонија за национално единство.

на лобното место

Прабаба Мариjа со синовите Коста и Александар и потомците на Леонид

Како е да имаш таков дедо во својата семејна биографија, каков креативен набој за имагинацијата и инспирацијата е сродството со личност од таков поредок, Румен Леонидов раскажува возбудливо и емотивно како народната песна го инспирирала да напише ʺПесна за Леонид војводода“, за да го ʺпресади“ дрвото на народната памет во денешната литературна средина. Раѓањето на оваа поема било како преродба, како исполнување на заветот одозгора.

Румен Леонидов е роден на 17.05.1953 година во Софија. Завршил бугарска филологија на Пловдивскиот универзитет ʺПаисиј Хилендарски“. Работел како уредник во многу литературни изданија, меѓу кои ʺФакел“, ʺБугарски месечник“, ʺГлас“, „Литературен весник“ и други. Тој е автор на 8 стихозбирки – ʺПредупредување“ (1977), ʺИ огнот си спомнува за искрата“ (1982), „Голем и малечок“ (1990), „Неточните размери на животот“ (1995), ʺСонот на продавачот“ ( 1997), ʺКрајот на митологијата“ (1997), „Класични парчиња“ (2000). Во странство има публикувано два зборника – ʺКамен во мочуриштето“ (1998, Скопје) и ʺКрај на митологијата“ (2007, Варшава). Тој си дал ветување да го заврши заветот и да ја допише својата книга за Леонид војводата. А еве ја и неговата поема:

ПЕСЕН ЗА ЛЕОНИД ВОЙВОДА

от Румен Леонидов

Тръба тръби в Гевгелия,
Леонида чета сбира.
Гледа го свети Илия
и му дума два-три сбора.
Де си тръгнал Леониде,
де си тръгнал, капитане,
срещу тебе войски идат,
люта брана ке настане.
Първа войска Гевгелийска,
тора войска е Дойранска,
трета войска е Струмишка,
се аскери, баш душмански.
Сам ги води падишаха,
сам си, сине, с малка свита,
три илядо са с Аллаха,
а с Христос сте три комита…
Немаш ли си майка, татко,
немаш ли си две дечиня…
Та си тръгнал да си патиш
за народ и за Родина…
Сам отвръща Леонида,
сам си мръщи гъсти вежди:
Аз съм български комита,
и пред фес не се навеждам.
Тая глава що я имам,
дека още права стои,
ке я пратам, дар да сторим,
чак в султанските покои.
Мойта вера, стара вера,
мойта мъка – македонска.
Турците от страх треперат,
ке се бием с трите войски.
Мен такъв ми е оброка,
со читаци да се стрелям…
Мойто око – точно око.
Ястреб в полет го уцелвам.
Три илядо спроти трима…
Ме предаде гръцки шпионин…
Мойто сърце – динамит е.
Мойта душа – кървав огин.
Бой се бием, бой от пладне,
ей, бре, турци, черни гърци,
душа давам, в плен не падам.
жив не падам в чужди ръци,
Загинал е юнак Томе,
Таушанов на баира…
Бери китки, бела моме,
и душите им прибирай.
Слънце зайде, рано зайде,
месечина е огрела…
Що огрея толкоз рано,
черна ли дойде неделя…
Мойто либе – манлихера,
мойто ложе е дъбрава.
С два куршума в револвера
аз на турчин се не давам.
Ей, ти тебе, юзбашийо,
баш джандарин, гевгелийо,
ке ти кажам две-три думи –
имам само два куршума.
Ей, ти тебе, баш серсеме,
по един за теб, и мене.
Триста души съм споминал,
три илядо срещу трима.
Ела, вака, по-навака,
да ти велим два-три лафа.
Срам да му е на султанот,
срам за царство агарянско,
срам за царските джамии,
дето прати толкоз войска,
две момчета да убие…
Мойта песен – недопята,
два патрона в револвера…
Вардар варди ми децата.
А душата – стара вера.
Тръба тръби в Гевгелия,
лежи Леонид убиен…
Гледа го Свети Илия
и лице си в облак крие.
И лице си в облак крие,
ой, войводо, ти, юначе.
млад комита, харамия,
цела Гевгелия плаче,
плаче тейко, вие мама,
плаче мало и големо,
лежи кървав на мегдана,
лежи мъртъв, капитана,
плюят го мухи зелени,
глава му на кол набиват,
храчат го мангали черни,
и кълнат го баш серсеми.
Семка гнила, семка малка…
Семка наша, семка жалка.
Сбрала се е Гевгелия,
мъртъв лежи Леонида.
Пита го Свети Илия,
думи му отгоре идат,
що требва ти, Леониде,
бой да водиш со поганец,
бой да водиш, да загинеш
млад, напети, капитане…
Отговаря Леонида,
с мъртва си уста отвръща:
Пак готов съм да умирам,
ако в живите ме върнеш!
Нас у родната утроба
род на гибел ни орисва.
Нас заченват ни бунтовни,
Истанбул да го бастишем…
Те си бранят падишаха,
ние браним Македония.
Те загиват за Аллаха,
ние мреме за свобода…
Нас ни раждат и обричат
да умрем по своя воля
Други ористта си сричат,
Ние пишеме история.…
Гроб му копат в Гевгелия,
гроб му копат, пеят песен…
Жив е харен харамия,
не е Леонид убиен…
Леонид не е убиен…

Целото интервjу со Румен Леонидов може да го слушнете на звучниот фаjл на bezgrantsi.bg

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO