Во врска со текстот ʺТрите школи во Бугарија по Македонското прашањеʺ од Валентин Стојанов, познатиот бугарски политиколог и доктор по социолошки науки направи коментар на својата ФБ страница, кој подолу ТАТКОВИНА го публикува во целост.

––––-

Што се однесува до државната политика, „првото школо“, така како што е определено од авторот, продолжува да доминира. Отворањето на стратешки прозорец за развој на бугарско-македонските односи се случувало најмалку три пати во последните 30 години, но во секоја од овие благопријатни ситуации, московско-белградското ʺшколо“ успевало да си ја врати иницијативата и да го нулира постигнатиот напредок во двостраните односи. Тука треба да се посочи дека ова ʺшколо“ има многу силно партнерство во лицето на белградската мрежа за контрола над Македонија во Скопје. Бугарија беше првата што ја призна независноста на Република Македонија благодарение на смелото политичко решение на Филип Димитров, поддржано од претседателот Желев – и покрај предупредувањата од меѓународни фактори да се ʺпочека“, и покрај позицијата на министерот за надворешни работи Стојан Ганев против признавањето. Во ʺкацата со мед“ беше додадена лажица катран со додатокот ʺја признаваме државата, но не ја признаваме нацијата“ – што беше направено од претпазливост и како данок платен кон ʺсветите крави“ на официјалната интерпретација на ʺмакедонското прашање“. Во следните години, московско-белградското ʺшколо“ вложи систематски усилија да ги сведе до нула ползите за Бугарија од чинот на признавање на македонската независност.

Во 1999 година беше потпишана бугарско-македонска декларација помеѓу владите на Иван Костов и Љубчо Георгиевски, што даде нов импулс на двостраните односи. Кризата во 2001 година во Македонија и нејзините трансформации кои следеа потоа, во македонската политика доведоа до оддрпнување на Скопје од процесот на зближување меѓу двете земји. Во Бугарија на власт дојде кабинетот на Саксобурготски, чија официјална политика беше нула иницијатива кон двостраните односи со Скопје. Виртуелниот ѕид на недоверба и самоизолација на двете земји продолжи да се издига, потпомогнат од практичната хегемонија на московско-белградското ʺшколо“ од двете страни на границата.

Договорот за добрососедство, потпишан како резултат на динамично менувачката надворешнополитичко опкружување на Балканот под влијание, како на Западот, така и на Москва и Анкара, беше нова историска можност за зближување и нова динамика во двостраните односи меѓу Софија и Скопје. За жал, овој договор содржи само една конкретна клаузула и таа се однесува на погубната ʺисториска комисија“ – можеби монтирана од московско-белградското ʺшколо“ како сигурен-безгрешен инструмент за растурање на зближувањето во односите меѓу Софија и Скопје. Кој го пишуваше текстот на овој договор од бугарска страна? Зошто овој договор прифати толу безличен и без содржина формат – тоа се прашања на иднината. Промените во Скопје – паѓањето на режимот на Груевски и доаѓањето на Зоран Заев на власт, како и првично силната и динамична балканска политика на Бојко Борисов во контекст на бугарското претседателство со ЕУ, дадоа нов импулс на двостраните односи. Додека … од ʺПиротска“ или од некаде на друго место дојде императивната наредба да се стават сопирачки на процесот на зближување. Скопје и Софија сносат подеднаква вина за скандалот ʺГоце Делчев“ и за расправиите кои следеа потоа, кои предвидливо ја блокираа работата на ʺисториската комисија“. Така стигнавме до ʺРамковната позиција“ на Бугарија од октомври 2019 година, што повторно го испрати во заборав развојот на односите меѓу двете земји.

Другите две ʺшколи“ споменати од авторот се со помал потенцијал – и за добро и за лошо. Евро-атлантското ʺшколо“ е официјално препознато од бугарската држава, но доследно не се практикува токму заради хегемонијата на московско-белградското ʺшколо“. Третото – ʺиредентистичко школо“ е периферно и маргинално. Тоа може да добие поддршка од московско-белградскиот ʺкруг“ во услови на остра криза која долгорочно и сериозно ги загрозува интересите на Русија и Србија во регионот.

Бугарско-македонските односи можат да се развиваат благопријатно и разумно ако двете држави смогнат да ги отстранат моќните лобија на институционализирано непријателство, кое се практикува од политички партии, безбедносни служби и мрежи за влијание, изградени врз нив. Лобијата ги контролираат медиумските правила за одразување на другиот, тие ги репродуцираат официјалните историски утопии за минатото, преку кои се поттикнува непријателство. Силни економски и стратешки интереси – како од Балканот, така и од Москва и Анкара – работат за маргинализирањето на Бугарија како фактор во регионалниот дијалог и за потчинувањето на Скопје на сили, кои ја задржуваат изолацијата меѓу Македонија и Бугарија. Русофилските сили во бугарскиот општествен живот – како во политичките партии, така и – по прикриено – во традиционалното ВМРО, не дозволуваат поиновативен и флексибилен пристап за одмрзнување на двостраните односи со Скопје. Во РС Македонија, доминира про-српскиот фактор во јавната дебата и политичкиот процес. Неговата основна цел е да ја поддржува тензијата во односите со Софија и да се воспоставува економски, културен и политички континуитет на контролата на Белград врз земјата. Софија не може да ги контролира факторите на надворешни влијанија врз Македонија. Софија може да стави ред во сопствената си држава, да разработи и да води полезна за Бугарија политика кон РС Македонија.

––––––––

Огнјан Минчев-бугарски политиколог, доктор по социолошки науки

Що се отнася до държавна политика, "първата школа", така както е определена от автора, продължава да доминира….

Публикувахте от Ognyan Minchev в Сряда, 19 август 2020 г.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO