Во Бугарија има три идеолошки и практични теченија во однос на Македонското прашање. Првото школо произлегува од блиското минато. Тоа може да биде наречено ʺмосковско-белградско“. Со една реченица – целта и е да создава и одржува непрекината состојба на раздор, конфликт и спротивставување меѓу Софија и Скопје. Идејата е да нема зближување меѓу двете држави, при што истовремено да биде сопрена евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија. Ова течение има силни политички, а со тоа и институционални позиции во Бугарија. Соодветно и медиумско присуство. Долги години, во нашите медиуми доминираше точно овој концепт за бугарско-македонските односи, а во меѓувреме некои од основните говорници веќе не се меѓу живите. Иако е во закономерно историско отстапување, ова школа успеала да посее семиња во главите на поколенија Бугари, особено постарите, и има политичка застапеност во разни партии. Долгорочната визија на ова школо за Република Северна Македонија е да остане во орбитите на влијание на Москва и Белград, поддржувајќи истовремено односи на тензија и меѓусебно недоверие со Бугарија.

Инструментот за поддржување на конфликтот Софија-Скопје е заедничката историја на двете земји. Пристапот тука е едни луѓе да се претстават за ʺпатриоти“ кои ја заштитуваат ʺнашата“ историја од ʺкражбите“ од другата страна на Осогово. Но, може ли да се ʺкраде“ и да е само ʺнаша“ (на Република Бугарија), откако официјално владите на двете држави признале, дека нашата историја е заедничка? Темата за историјата, смислено и сосема целенасочено се подигнува во клучните моменти за Република Северна Македонија (влегување во НАТО и започнување преговори со ЕУ), со повици за поставување на ʺуслови“. При тоа не се зема во предвид националниот интерес на Република Бугарија, имено што за прв пат по нашите национални катастрофи сме во еден геополитички простор, во кој преку задлабочена соработка и зближување во сите области можеме да ги отстраниме напластените идеологеми од минатото (и во двете општества) и да ги решиме натрупаните спорови.

Треба да биде јасно дека претставниците на ʺмосквско-белградското“ школо, во ниту еден момент ниту предложиле, ниту реализирале какви и да се заеднички проекти меѓу двете држави во областа на инфраструктурата, културата, медиумите или кое било друго поле. А со грубиот и условен тон, кругови од Бугарија, им даваат храна на проруските политички сили во Северна Македонија, кои на истиот начин се претставуваат за ʺпатриоти“ пред тамошното општество. Така, на внатрешно-политички план, и во двете држави печелат проруските ʺпатриоти“ – за сметка на добрососедските односи.

Но, и на надворешно-политички план, печели Кремљ, кој преку ʺпатриотите“ создава проблеми во ЕУ и НАТО. На регионално ниво, се разбира, од активностите на овие ʺпатриоти” печели и Белград, каде историски секогаш имало стравувања од зближување меѓу Софија и Скопје.

Антиподот на првото школо е течение, кое може да биде наречено ʺевроатлантско“. Во исто време, тоа ги одразува и традиционалните позиции на историската организација ВМРО, кое претставува многу добра последователност- комбинација од национално-патриотското од една страна, со модерното гледање за меѓудржавни односи. Во една реченица – целта на ова школо е зближување меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и луѓето од двете земји во секој еден однос – културен, економски, политички, итн. Ова течение безусловно го безусловно членството на Македонија во НАТО и искрено ја поддржа младата држава на нејзиниот пат кон европската интеграција. Со многу завивања и отклонувања, како таква се оцртува основната линија на повеќето бугарски влади во годините по 1997 година. И покрај тоа, оваа позиција не треба да биде прифаќана како за секогаш наложена и треба да биде непрекинато отстојувана. Долгорочната визија на ова школо е за независна и територијално целосна Република Северна Македонија, која е интегрирана во НАТО и ЕУ и е најблискиот сојузник на Бугарија.

Третото течение е до некаде парадоксално, но исто има длабоки корени. Негови основни лица во моментов се со изјавен  ʺјавен евроатлантски профил“, без меѓутоа зад тоа да стојат реални „евроатлантски вредности“. Нивното отворено гледање (целта) е за поделба на Северна Македонија на сфери на влијание и идно присоединување на делови од неа кон Бугарија. Еден вид комбинација на традиционален иредентизам и познатите од минатото теории за ʺспорни и неспорни зони“. Нека да ја наречене условно оваа група со познатото од историјата име ʺврховисти“. И покрај нивната привидна прозападна ориентација, предметното школо ја опслужува (сознателно или не) москвско-белградската линија.

Нејзината долгорочна визија е за уништување и поделба на Република Северна Македонија, која, според гледиштето на школото, е по-скоро привремена и неустојчива појава. Паралелно со другиот инструментариум, ова школо честопати мавта со т.н. ʺАлбанска закана“ за иднината и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, манипулирајќи со збир на разнородни податоци. Идејата, која се обидуваат да ја внушат е дека младата држава е неодржлива формација која треба да биде ʺприкачена“ кон поголема сила или поделена меѓу барем две свои соседки. Ова школо не го зема во предвид фактот дека Македонија успешно се справи со неколку тешки кризи во 30-годишната независност, како и дека веќе е членка на НАТО и и претстои започнување на преговори за членство во ЕУ.

Нема никакви гаранции дека идните влади на Бугарија ќе се придржуваат кон декларираните на хартија евро-атлантски вредности, кои се совпаѓаат со националните интереси на нашата земја. И претходно сме станувале сведоци на тоа како долгогодишните усилија биле бришани со еден или друг политички акт и промена на една влада со друга. Затоа е важно да се има јасност за тоа кој е кој, кои цели ги следи и како дејствува за да ги реализира. Националниот интерес на Бугарија е независна и територијално цела Република Северна Македонија, која е интегрирана во евроатлантските структури и е фактор за стабилност во регионот на Југоисточна Европа, а не дестабилизирачки агент на надворешните сили. Ова се совпаѓа и со традиционалното гледиште на историската организација ВМРО и неколку поколенија искрени патриоти од двете страни на границата. Од нас зависи дали нашата земја ќе ги брани своите интереси, кои целосно се совпаѓаат со евро-атлантските, или ќе ја избере матрицата на вештачко спротивставување наметнато од надворешни фактори, целенасочено работејќи против Бугарија барем од 19 век наваму.

–––––––––––

Автор: Валентин Стојанов-дипломирал право на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски “и специјализирал Право на Европската унија на Универзитетот во Хамбург. Бил главен експерт во парламентарната комисија за Економска политика, енергетика и туризам. Го потпомага издавањето на списанието ʺБугарија-Македонија“.

Преземено од Faktor.bg

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO