Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс предупреди дека вакцината против коронавирус може да не биде многу ефикасна како бариера за ширење на инфекцијата.

Во интервју за Си-Ен-Ен, тој го објасни својот песимизам на следниов начин: „Кога развиваат вакцина, креаторите се водат според две карактеристики – превенција на болеста за време на вакцинацијата и спречување на пренесување на инфекцијата на други луѓе“.

„Не е загарантирано дека вакцината ќе биде идеален агент за блокирање против пренесување на инфекцијата“, додаде тој.

Во исто време, основачот на Мајкрософт ја пофали ефикасноста на имунолошкиот одговор на организмот на болеста. Според него, развиениот имунитет штити од ризик од повторнa инфекција најмалку една година.

Бил Гејтс ја поддржа прогнозата на главниот специјалист за заразни болести во САД Ентони Фаучи, кој предвиде дека вакцината против коронавирусот ќе биде готова кон крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO