Лекари од Соединетите држави и Велика Британија користат бугарска медицинска апликација, информираат од фирмата-создавач Healee – платформа за телемедицина.

Таа веќе се користи и од клиники и специјалисти во Австралија и Обединетите Арапски Емирати. Во Бугарија, апликацијата се користи од над 30.000 пациенти и скоро 1.200 лекари.

Сранува збор за платформа која обезбедува брз, безбеден и удобен начин за консултација со специјалист преку видео преглед, аудио консултација и медицинска помош преку чат. Апликацијата е бесплатна за корисници и лекари од Бугарија – пациентите плаќаат единствено на специјалистите за консултациите и услугите што ги користат.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO