Полицијата во Холандија распострани кадри од безбедносни камери на кои се гледа кражбата на слика од Винсент ван Гог.

Грабежот е извршен во раните утрински часови на 30 март од музеј недалеку од Амстердам, кој е затворен за посетители заради пандемијата од новиот коронавирус. Недостасува платното ʺГрадината на парохискиот свештеник во Нунен во пролетта 1884 година“.

Крадецот користел тежок чекан за да ја разбие една од вратите во музејот и да стигне до сликата. На кадрите се гледа и како криминалецот го напушта музејот, држејќи ја под мишката на десната рака сликата на Винсент ван Гог, а чекан во неговата лева рака. Полицијата се надева дека распостранувањето на кадрите ќе помогне да биде откриен крадецот. За кражбата сè уште нема приведени лица.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO