Резултатите покажуваат дека медицинските лица значително ја потценуваат целокупната способност на вирусот да мутира, откривајќи дека различни варијанти влијаеле на различни делови на светот, што доведува до потенцијални потешкотии при наоѓање на целосен третман.

Студијата беше спроведена од професорот Ли Ланџоу и неговите колеги на Универзитетот во Хангжу, Кина и објавена на веб-страницата medRxiv.org.

Тимот на Ли анализирал примероци од 11 случајно избрани пациенти со коронавирус во Хангжу, каде имало пријавени 1 264 случаи, а потоа тестирале колку ефикасно можат да заразуваат и убијат клетки.

Откриени се над 30 различни мутации, од кои 19 претходно не се откриени.

„Сарс-CoV-2 се здоби со мутации способни значително да ја променат патогеноста“, напишал Ли.

Тимот открил дека некои од мутациите можат да доведат до функционални промени во протеините што ги користаат за прицврстување кон човечките клетки, пренесува South China Morning Post.

Агресивните штамови најбрзо ги убиваат човечките клетки.

Резултатите покажуваат дека „вистинската разновидност на вирусните штамови сè уште е во голема мерка потценета“, пишува Ли.

Студијата може да има идни импликации за третман на коронавирус, бидејќи неколку различни видови се идентификуваат ширум светот.

Соединетите држави, кои имаат најголем број жртви – 42 897 од 799 515 заразени случаи – се погодени од разни мутации. Источниот брег покажува вид на коронавирус сличен на оној пронајден во Европа, додека западните држави на САД покажуваат сличности со видовите пронајдени во Кина.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO