Во Кина започнува изградбата на најголемиот фудбалски стадион во светот, соопштува ʺСинхуаʺ. Објектот во форма на лотос ќе биде дом на осумкратниот шампион ʺГуанџоу еверграндеʺ и ќе биде со над 100.000 гледачи.

Стадионот треба да биде готов до крајот на 2022 година, а изградбата ќе чини 12 милијарди јуани (1,7 милијарди долари) .

Во моментов, најголемиот целосно фудбалски стадион е „Камп Ноу“ со 99.354 места. Во светот има три спортски објекти за повеќе од 100,000 гледачи – ʺ1 мајʺ во Северна Кореја која има и атлетска патека, АТ&Т на ʺДалас Каубојсʺ и ʺМелбурн крикет граундʺ.

ʺСе надеваме дека стадионот да е домаќин на отворањето на Азискиот шампионат во 2023 година“, изјавија претседателот на ʺГуанџоуʺ и на ʺЕвергранде груп, Сја Хајџјун. Според него, неговата компанијата ќе гради уште помеѓу три и пет стадиони во Кина со капацитет од над 80.000 места.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO