Во 2001 кога беше војната, не мобилизираа, не качија во автобуси и не однесоа на Криволак под шатори. Цело време додека бевме таму, имаше едно типче кое секоја вечер пред да си легнеме одеше од шатор на шатор и постојано повторуваше дека едвај чека да оди на боиште, дека конечно дошле нашите пет минути, дека маме ќе им се наебе на непријателите и дека треба да сме среќни што ќе ја браниме нашата Македонија.

После неколку дена почна да се шири муабет дека ќе не носат на Радуша, во Тетово, Арачиново и другите места каде што се водеа битките. Истото типче повторно пред да си легнеме продолжи да прави визита по шаторите, но овој пат хистерично вриштеше дека треба да ги оставиме пушките и да бегаме дома, дека треба да сме луди ако прифатиме да одиме во војна и дека државата не заслужила да ја браниме.

Денес, кога ги гледам оние „паметните“ како секојдневно попуваат дека сме глупи шо седиме дома, дека вирус нема и се е измислено за да ни ги скратат слободите, да ставаат 5G предаватели додека седиме дома, да не чипираат, контролираат и други бла бла глупости, доживувам дежа ву. Сите тие „кул генијалци“ ми личат на типчето кое 2001 шеташе по шатори.

Не дај Боже утре или задутре вирусот да пламне и да почне неконтролирано да се шири, тие ќе бидат првите кои хистерично ќе почнат да вриштат дека СИТЕ ЌЕ УМРЕМЕЕЕ(!), дека треба да ни ги забетонираат вратите за да не излегуваме надвор, дека државата ни е тапа и дека не презела ништо за да не заштити.

Патем, од околу 700 души кои бевме на Криволак, на крај само четворица се пријавија доброволно да одат на боиште.

Фејсбук статус на Гоце Тасевски


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO