Министерството за здравство, труд и благосостојба на Јапонија ги призна пијалоците со висок алкохол како средство за дезинфекција против ширењето на коронавирусот.

„Оваа посебна препорака се осврнува, пред сè и основно на медицинските установи кои имаат недостаток на стандардни средства за дезинфекција. Како порано, ве советуваме: измијте ги рацете!“, рече портпаролот на Министерството за здравство, цитиран од јавната телевизија.

Препораката се однесува на пијалоците со содржина на алкохол од 70% до 83%.

Вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во земјата на Изгреј сонцето достигна 8,1 илјади, вклучително и патници и членови на екипажот на бродот „Diamond Princess“, кој е ставен во карантин веќе еден месец во пристаништето Јокохама. 125 од заразените се во сериозна состојба. 150 луѓе загинаа.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO