Рома не е подготвена да ја плати сумата од 22 милиони фунти што ја бара Арсенал за плејмејкерот Хенрих Мхитарјан. Ерменецот оваа сезона игра позајмен во италијанскиот клуб.

Тој меѓутоа повеќе се лекува отколку што игра и се појави само осум пати во почетниот состав во натпреварите во Серија А.И покрај тоа што тренерот на Рома, Пауло Фонсека ја пофали играта на Мхитарјан, челниците на волците веруваат дека Арсенал сака премногу пари за 31-годишен фудбалер. Моментно Рома е рангирана на петтото место на табелата. Без влегување во Лигата на шампионите и во услови на криза предизвикана од пандемијата од коронавирус, римскиот клуб не може да си дозволи постојан трансфер на Мхитарјан. Единствената опција е Рома да преговара со „топџиите“ за преотстапување на играчот и за следната сезона.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO