Bториот круг од бугарското издание на познатото музичко шоу „The Voice“ се одржа вчера. Нашата Калина Велковска, која во првиот круг го импресионираше жирито, повторно покажа доминација.

Имено, овој дел од натпреварувањето носи назив „Битки“, односно „Вокални двобои“, така што Калина беше во двобој со Пламена.

Двете заеднички ја изведуваа песната „Ex’s & Oh’s“ на Ели Кинг.

 

Нивниот ментор Иван Лечов, на крајот се одлучи да ја задржи Калина во својот тим, со што таа го продолжи натпреварувањето.

И навистина беше одлична, така што пласманот за понатаму воопшто не беше изненадување.

За вас, што не успеавте да го погледнете настапот, можете да го сторите тоа  сега. А на Калина ѝ посакуваме многу успех и понатаму.

Повеќе за неа, можете да прочитате на линкот: „Калина Велковска – Девојката на која веќе не ѝ треба претставување“. нa Фашионел МК

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO