Во слободниот сектор, во кој се вработени не мал број актери, уметници, писатели и други,  ќе се примени следната мерка за оние кои имаат најголeма потреба. За период на вонредната состојба од 2 месеци, плус уште еден потоа, ќе се осигури по една минимална плата плус осигурување. Ова го изјави министерот за култура, Боил Банов, пренесе репортер на БГНЕС.

Тоа е една многу важна поддршка, за да се помине преку вонредната состојба. Тоа не е социјална помош. Тоа е грижа во една тешка состојба, додаде Банов, истакнувајќи дека се развиваат механизми за после вонредната состојба.

Со помош може да се искористат уметниците кои биле со доходи под 1000 лева месечно за 2019.

ʺЗначителен дел од бугарските уметници се вработени во слободниот сектор, во кој се вклучени актери, уметници, музичари, танчери. Тоа е една огромна група на луѓе кои ќе добијат безповратна финансиска поддршка што вклучува и социјално осигурување. Би сакал да истакнам дека тоа не е социјална помош, туку грижа во тешка состојба “, рече Банов, додавајќи дека на овој начин државата ја покажува својата загриженост за уметноста и луѓето од уметноста.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO