Добро Утро,
По еден месец против вирусот,демек.

Сума /сумарум, првин бев навредуван.Потоа ми пишувавте дека ширам хистерија. Потоа се уклучија “портпаролите” на партиите, потоа некакви квази советници на наши тајкуни и така една шаренада од тоа де да ме амортизираат, демек демаскираат и демек не знам што.

Демек сакавте да ми кажете дека е се ок и за ситуацијата се грижат -СКУП МОЗГОВА и експерти од нај висок ранг. Добро и ок е тоа ..чим е така. Ма и да има такви вие ќе им “ебите мајката”.

Со ова ве оставам да терате така. Јас си се отчестив. Предупредив загриженост.
Тоа го направив од нај филантропски причини и да си се одборџам и отчестам на тие што ме читаа и на тие што ме познаваат.

Вкупно еве- Јас си се отчестив нај добро што можев и пред се како што кажав, филантропски и загрижено.

Тоа што ми пуштавте разни глуповчиња во инбокс и ми објаснувате..ок е се тоа е човекова природа. Се бориме против лош непријател. Да беше видлив ќе го натепавме,ферски изгубивме ама ќе мававме.

Има два правци сега работата која следи-

Народото ќе ја дуја, дува, надува, компресира можната апсурдна бомба на вирусот, а властите ќе велат-Ние кажавме, ама вие не слушавте. Демек властите се вакцинирани, ништо не ги фаќа. Тоа е тој опасен психолошки мод на нашите власти.

Сеедно е видов една големо непознавање, една крупна не писменост, еден дилетантизам, еден самоубиствен очај, едно перење на мозок со лажни вести, едни тотално опскурни бесмислени ликови кои си шераја некакви скечови од Балканот.

Некакви вести од мал мозок и се разбира некакви конспирации измислени од по доста болни или уплашени особи.
Сеедно е. Од денес и од мене толку. Кажав што кажав и пишав што пишав на јавните мрежи.

Благодарам на некои портали кои и нешто објавија.
Сега ќе ви дадам совети еве вакви-
Тешко ќе биди. Предвидувањата и мерките на властите што ви ги презентираат, а мерките како ги извршуваат …НЕ СЕ ТОЧНИ. Мерките не се точни, ТОЧКА!

Еве им формула нај едноставна по економија.12 месеци е една година, блок два месеци = 1/6, а доколку август беше преместен во април ,нај многу 1/12. Пад на глупости купување ,ништо повеќе. Индустријата примарна ,одлично работи. Видете од тоа процентот во буџетот.

Ви пишував и за Земјоделието, тоа можеше лесно оваа 1/12 да ја искомпензира.

Кога сте се довеле во ситуација во ваква состојба некаков оџа и владици да се дрзнат да даваат онакви изјави, далеку сте од тоа како треба и што треба. Ова во втора фаза ќе ви биде уште појасно.

Се борат помеѓу логиката, политиката и политиката на партиите. Една вкупна каша попара на не сериозни ликови сосе оние луди будали од ВМРО-ДПМНЕ и нивните космички глупави изјави во релација со некакви Избори. Ѝтие не посакуваат избори но по се изгледа се притиснати и мораат да бидат во бункерот за избори.

1. Мерките се логични и цело време во одд се прават измени- Тоа ми дава за право да мислам дека им “ебавте матер” на тие нешто што знаат со упливи на моќници посебно од бизнис секторот кои ништо и не знаат.

2. Мерки не знаете да спроведувате на дело-Со тоа да не може народот да се обвини за неговото однесување, ами властите. Барем ,Рама да ви послужи за пример.

Вие дел по српски теравте ,а тие не знаат каде тераат. Да си научите бе и Албански и Грчки и да си ја исклучите телевизијата со Белград дури е оној онаму на власт.

Не сакам да помислам дека проценките на Бојко Борисов за ВАС се точни. Ете не сакам..,а сите негови изјави за нас се базираат на Проценките.

И на крај -Грујо и Груевизмот ве и не победи до оваа секунда кога го пишувам ова.

Од мене по темиве со критиките толку.
А, да …Избори скоро нема да има.
Вирусот е во нас, некои ќе се заразат, а некои и ќе починат.

Претстои ДИП ИМПАКТ..и она на Зоран Радмиловиќ- ШТА СУ ПИЧКЕ ПИЛЕ?

Есапот ќе си го платиме, бегање нема.
Она што не трае брзо, трае долго.
Блиц Криг е голема стратегија и нај ефикасна во борба со вирусот.
Да сме здрави и живи!


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO